БАГЕРИ ЗА ИСКОП НА ЈАГЛЕН ОШТЕТИЈА ДЕЛ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ ВЛАХО КАЈ ЖИВОЈНО, НАЈСТАРА НЕОЛИТСКА НАСЕЛБА ВО ЗЕМЈАВА

February 9, 2023
1 min read

Преку ископи на земја со механизација неодамна сериозно е оштетен археолошкиот локалитет „Влахо“ кај битолското село Живојно, најстарото неолитско наоѓалиште во Македонија, реагира Центарот за истражување на предисторијата, коj со години го истражува во соработка со македонски и европски археолози.

Оштетувањата на локалитетот, кој е веќе внесен во националниот регистар на наоѓалишта, се направени за време на подготовките на теренот за експлоатација на јаглен. Притоа, преку ископи на земја со механизација, уништени се дел од предисториските ровови и градби што се протегаат на источниот и северниот периферен дел од неолитската населба.

„Благодарение на одговорноста на жителите од Живојно и брзата интервенција на Заводот и музеј Битола и Управата за заштита на културно наследство, оштетувањето на овој ексклузивен локалитет во Македонија е запрено. На тој начин спречено е поголемо девастирање на оваа предисториска населба која во последниве години е истражувана од неколку меѓународни истражувачки екипи и тоа со поддршка на Европската Унија, Фондацијата Западен Балкан, германската Фондација за истражување на тумбите и македонското Министерство за култура“, велат од Центарот.

Резултатите од истражувањата на Влахо во Пелагонија покажаа дека населбата е основана пред околу 8.400 години. Притоа, преку деталните геомагнетни снимања на теренот се утврди уште една карактеристика, незабележана во толкав обем кај ниту еден друг познат неолитски локалитет. Имено, се покажа дека на него се присутни дури десетина ровови, од кои, за жал, неколку се веќе оштетени.

Поради зачувување на овие уникатни обележја,  на еден од најстарите неолитски локалитети во Европа, неопходна е негова трајна заштита и темелно истражување, додаваат археолозите.

Тимот што го истражува Влахо, составен од специјалисти од повеќе македонски и европски институции и организации, во изминатите години издаде научни трудови посветени на овој локалитет, а уште неколку се во фаза на објавување и тоа во реномирани издавачки куќи од Кембриџ и Њујорк. Овие публикации и врвните археолошки сознанија презентирани во нив придонесуваат за мошне брзото афирмирање на ова наоѓалиште меѓу домашната и светската академска заедница која, поради тоа, апелира за трајна заштита на ова наоѓалиште како културно наследство не само од национално, туку и од пошироко значење.

„Сите ние, како припадници на стручната јавност и како граѓани на оваа држава, имаме должност и обврска да се залагаме и да ги поддржуваме заштитата, проучувањето и презентирањето на овој исклучително значаен археолошки локалитет“, велат од Центарот.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Галтие: Фудбалерите на ПСЖ се разочарани и депресивни по поразот од Марсеј, Купот на Франција беше нашата цел

Следно

Ердоган: Бројот на загинати од силните земјотреси се искачи на 14.014

Latest from Blog

Судот го одби барањето на Јахоски за замена на притворот со гаранција

Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор

Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Берсет

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет, јавува Анадолу. Средбата во Претседателскиот комплекс во Анкара беше затворена за новинарите.

Спектакуларна глетка од старо црешово дрво со планината Фуџи во заднина

СКОПЈЕ (АА) – Во срцето на јапонската префектура Јаманаши, скриено меѓу планинските предели, се издига „Wanitsuka no Sakura“ – црешово дрво старо околу 330 години кое нуди несекојдневна глетка, јавува Анадолу. Со

Почнаа подготовките за локалните избори – Вреди прво ќе формира партија, а бара Таравари да излезе од Владата

Политичките партии ги почнуваат подготовките во пресрет на локални избори наесен, веќе се прават калкулации кој како ќе настапи, дали ќе има изборни коалиции и со каква поддршка. Од коалицијата ВРЕДИ велат
Go toTop