Трајановска во СТУДИО 10: Зголемувањето на користењето на пробацијата ќе ја намали пренатрупаноста во затворите

July 4, 2024
1 min read

Годинава правиме втор, независен, мониторинг на развојот на пробациската служба во соработка со ЕУ, а целта е да се развие нашиот правосуден систем. Годинава имаме 483 пробациски предмети, но тоа не е доволно зголемување. Мониторингот го правевме врз основа на неколку фактори затоа што во процесот на ресоцијализација на осудените лица се вклучени повеќе различни институции. Мониторингот укажува дека се уште најмногу се изрекува мерката условна слобода, а помалку условна осуда со заштитен надзор што ќе им помогне на осудените за ресоцијализација во средината. Најголем број пробациски предмети се од Кривичниот суд во Скопје, додека другите судови во земјата тоа ретко го прават, вели Александра Трајановска од Хелсиншкиот комитет за човекови права во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Пробациската служба има канцеларии во самите судови кои се допбро опремени и има доволен број службеници кои се обучени за надзор на пробациските предмети и можат да ги следат осудените лица и нивната ресоцијализација. Треба да се зголеми свеста кај судиите дека можат да  придонесат со оваа мерка за намалување на пренатрупаноста во затворите, вели Трајановска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Французите протестираа против десницата

Следно

НАД 40 ФИЛМОВИ НА 23. ИЗДАНИЕ НА СИНЕДЕЈС, СЕ ОТВОРА НА 11 ЈУЛИ СО ДОМАШНАТА ПРЕМИЕРА НА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ЕФТЕРКЛАНГ: МАКЕДОНИУМ БЕНД“

Latest from Blog

Go toTop