АКТЕРКАТА СИГУРНИ ВИВЕР ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

June 29, 2024
1 min read

Американската актерка Сигурни Вивер ќе биде наградена со Златен лав за животно дело на Венецискиот филмски фестивал. Наградата ќе ја добие на 81. издание на фестивалот, што ќе се држи од 28 август до 7 септември.

Вивер е трикратно номинирана за Оскар, најпозната по франшизите „Осмиот патник“, „Аватар“ и „Истерувачи на духови“, а доби и признанија од критиката и награди за улогите во „Горили во маглата“, „Вработена девојка“ и „Ледената бура“.

„Да се ​добие оваа награда е привилегија што ја споделувам со сите филмаџии и соработници со кои сум работела низ годините. Со гордост ја прифаќам оваа награда во чест на сите кои помогнаа да се оживеат овие филмови“, се вели во изјавата на Вивер.

Како што беше претходно најавено, почесен Златен лав добива и австралискиот режисер Питер Вир. Вивер играше и во еден од неговите најпознати филмови „Година на опасно живеење“ од 1982, заедно со Мел Гибсон.

Претходните почесни добитници на Златниот лав се Кетрин Денев, Џејми Ли Кертис и Пол Шредер.

Целосната програма за филмскиот фестивал во Венеција ќе биде објавена на 23 јули.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар беснее во Грција- интервенираат авиони, хеликоптери и возила

Следно

Меланија Трамп не сака да биде прва дама

Latest from Blog

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од

Иран нападна цели во соседните земји

Фабриката беше нападната и вчера, што исто така предизвика пожари. Кувајт соопшти дека пожарникарите денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите и дека немало жртви во нападот. Мина ал-Ахмади може да преработува

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА „ВРСКИ“ ВО СУД: JO поднесе обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Васе Анакиев

По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело –

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана со честитка за Рамазан Бајрам: Порака за мир, почит и заедништво

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам, испраќајќи пораки за мир, толеранција и меѓусебно разбирање. Во честитката, од друштвото истакнуваат
Go toTop