Голем пожар беснее во Грција- интервенираат авиони, хеликоптери и возила

June 29, 2024
1 min read

Кусо пред 15 часот избувна голем шумски пожар на планината Парнита во северниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, интервенираат противпожарни сили од копно и воздух, а силниот ветер дополнително го отежнува гаснењето, додека пак, иако пожарот е во планински дел, сепак од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на околните населени места да бидат во состојба на готовност за евентуална евакуација, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватрахојанис попладнево информираше дека од воздух во справувањето со огнените јазици интервенираат четири авиони и осум хеликоптери, а над 100 пожарникари и 30 возила од областите Тесалија, Епир и северниот дел на Грција се упатуваат кон планината за да помогнат.

– Во областа на пожарот брзината на ветерот достигнува до 50 километри, а јачината надминува 100 километри на час. Овие услови, но и фактот што во областа има столбови со висок напон го отежнуваат работењето на воздушните средства. Поради оваа причина главно интервенираат хеликоптерите, рече Ватрахојанис.

Во гаснењето помагаат волонтери, цистерни и камиони од периферијата Атика и војската.

Планината Парнита беше зафатена од големи пожари лани во август, како и во текот на летото во 2021 година.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Коџаџику: ДУИ се виновни за иселувањето на Албанците од земјава

Следно

АКТЕРКАТА СИГУРНИ ВИВЕР ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ не го поддржа унапредувањето на Универзитетот „Мајка Тереза“

Коалицијата ВЛЕН обвини дека пратениците на ДУИ не ги поддржале измените и дополнувањата на Статутот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кои денеска беа усвоени во Собранието. Според ВЛЕН, со усвоените измени

Македонија има само 13 инспектори за животна средина – дали државата треба да ги преземе уздите од општините?

Претседателот на „Флорозон“, Кирил Ристовски, оценува дека градоначалникот има пресудно влијание врз изборот на инспекторите, но и врз тоа што и како ќе работат тие. Според него, Законот за инспекциски надзор во

Божиновска: Намалување на цената на струјата е можно, но пазарот останува непредвидлив

Сања Божиновска изјави дека со новиот модел на снабдување со електрична енергија може да се очекува намалување на цената за домаќинствата, но предупреди дека берзата останува променлива и непредвидлива. Од следната година
Go toTop