„Ниту еден друг термин освен геноцид не може да се користи за израелските напади на Газа“

June 29, 2024
2 mins read

ЖЕНЕВА (АА) – „Додека луѓето во Газа буквално се уништуваат, ниту еден друг термин освен геноцид не може да се користи за да се опише оваа ситуација“, изјави вчера Тлаленг Мофокенг, специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за правото на здравје, известува Анадолу.

Во интервју за Анадолу, Мофокенг предупреди на големите ужаси и страдања во Појасот Газа, кој е под интензивно израелско бомбардирање од 7 октомври 2023 година.

Таа особено предупреди на катастрофалната хуманитарна криза, нагласувајќи дека жителите на Газа се лишени од основните услуги и потреби.

„Знаеме дека луѓето се обидуваат да преживеат, но тоа навистина е сè што можат да сторат“, рече таа, додавајќи дека во Газа нема храна, здрава вода за пиење или безбедно место за живеење.

Мофокенг истакна дека менталното здравје на жителите на Газа е сериозно влошено поради немилосрдното бомбардирање, што доведува до големи трауми.

Таа повика на итен прекин на огнот, нагласувајќи дека должност на сите е да се погрижат да престанат непријателствата за да може животот во Газа да се врати во нормала.

Специјалната известувачка на ОН предупреди на зголемениот број на жртви и тешките услови за жителите на Газа.

„Кога буквално ќе погледнете колку е мал Појасот Газа и какви уништувања се случуваат, навистина е невозможно да се разбере како ова сè уште се случува“, рече Мофокенг.

– Страшна ситуација во здравството

Мофокенг потсети на извештаите на Светската здравствена организација (СЗО) и други хуманитарни организации, кои зборуваат за страшната ситуација со здравствените услуги во Газа.

„Кога болниците не можат да добијат залихи и основни лекови и кога се убиваат и малтретираат здравствени работници, нападите врз правото на здравје стануваат уште поизразени“, додаде таа.

Мофокенг нагласи и дека сè уште нема проценка колку време ќе биде потребно за обнова на здравствената инфраструктура во Газа, бидејќи илјадници луѓе сѐ уште се затрупани под урнатините.

„Прашањето кој ќе ја финансира обновата на Газа останува длабоко политичко“, истакна таа, нагласувајќи ја потребата од прекин на огнот и крај на окупацијата како предуслов за какво било значајно планирање и реконструкција.

Мофокенг ја осуди поддршката што Израел ја добива од европските земји и Соединетите Американски Држави (САД), кои според неа, всушност го овозможуваат геноцидот.

„Уште колку деца мора да умрат“, праша Мофокенг, истакнувајќи дека луѓето во Газа преживуваат кошмар секој ден.

– Одговорност на сторителот

Таа посочи дека ситуацијата во Газа уште еднаш јасно го покажува режимот на апартхејдот и окупацијата кој одговара на дефиницијата за геноцид.

Мофокенг повика на глобална дискусија за признавање на настаните во Газа како геноцид и повикување на сторителите на одговорност пред меѓународните судови.

„Јас не сум надлежна да гонам кого било, но, кога имате група луѓе кои се буквално истребени, што друго е потребно за тоа да се прогласи за геноцид“, рече таа.

Мофокенг на крајот рече дека насилството врз здравствените работници и скратувањето на здравствените права се потполно неприфатливи и повика на итна меѓународна акција за решавање на кризата во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија: Поранешна директорка на ИНСТАТ смета дека податоците од пописот се изманипулирани

Следно

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop