Продолжува седницата за избор на новата влада, треба да се изгласа до полноќ

June 23, 2024
1 min read

Како што беше закажана, точно во 11 часот почна вториот ден од расправата во Собранието за програмата и за кадровските решенија за новата влада предложени од мандатарот Христијан Мицкоски.

Пратеничката од редовите на сегашната опозиција СДСМ, Сања Лукаревска од собраниската говорница ги укори ВМРО-ДПМНЕ дека за само неколку денови погазиле многу од своите ветувања.

Констатацијата на Лукаревска предизвика многу реплики и контрареплики од пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, со акцент на тоа дека надежта кај македонците од ден на ден била се поголема и ќе кулминирала со изборот на владата.

Од Европскиот Фронт пак пратеникот Бејџан Илјаз од Демократската партија на Турците, вели дека сите граѓани треба да се еднакви и рамноправни но со најавата за укинување на балансерот ќе се отежнела правичната застапеност како и промената на изборниот модел.

Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше на Илјаз дека ВМРО-ДПМНЕ има ветено изборен модел со една изборна единица, и намалување на бројот на пратеници на 90. Мицевски со предлог до партиите на турците во земјава, да бидат дел од Владата нпредводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од поинтересните коментари, го бележиме оној на пратеникот на Левица, Борислав Крмов кој го предизвика мандатарот Мицкоски, заклетвата да ја дал без придавката Северна, впрочем како што јавно се обврзуваше во телевизиски гостувања додека беше опозициски лидер.

Гласањето за Новата Влада треба да се случи денеска до полноќ. Таа се смета за изгласана со 61 пратенички глас за, што на владејачкото мнозинство воопшто не му е тешко да ги обезбеди со оглед на фактот што трипартитната владејачка коалиција на ВМРО ДПМНЕ со ВРЕДИ и движењето ЗНАМ брои 78 пратеници.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади врз Газа загинаа уште 47 Палестинци, билансот порасна на 37.598

Следно

Во Реал не се загрижени за скршеницата на Мбапе, клубот смета на него во Суперкупот на УЕФА

Latest from Blog

Солзи на трибините: Меси се врати на теренот пет дена по смртта на неговиот татко (ВИДЕО)

Фото: Интер Мајами Х Во неделата, Аргентинецот го погреба својот татко Хорхе, кој почина еден ден претходно на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четврток, Меси се врати

Иран и САД остануваат заглавени во напорите да постигнат договор за траен крај на војната

 Техеран притоа го отфрли тврдењето на Трамп дека САД го контролираат Ормускиот теснец, инсистирајќи дека тој останува блокиран. „Ормускиот теснец останува блокиран и нема да биде повторно отворен додека не се прифатат

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20
Go toTop