Турскиот министер Каџир: Развојот и стабилноста на Балканот мора да одат заедно со економскиот прогрес

May 22, 2024
2 mins read

САРАЕВО (АА) – Министерот за индустрија и технологија на Република Туркије, Мехмет Фатих Каџир, во своето обраќање на 13. Сараево бизнис-форум порача дека унапредувањето на соработката во областа на индустријата и технологијата, во сите области на економијата, може само да донесе мир, стабилност и просперитет за сите. Тој порача дека Туркије секогаш ќе го поддржува економскиот развој на целиот регион на Балканот, јавува Анадолу.

Сараево бизнис-форумот (СБФ), тринаесетти по ред состанок на инвеститори, деловни луѓе и економски експерти, голем број претставници на држави и влади од регионот и светот, официјално започна денес во главниот град на Босна и Херцеговина.

Турскиот министер Каџир на самиот почеток на своето обраќање истакна дека Сараево бизнис-форумот дава одлична можност да се разговара како да се унапреди регионалната економска соработка на Балканот.

„Како министер за индустрија и технологија, сакам да нагласам дека Туркије е целосно посветена на споделувањето и користењето на нашите искуства за поттикнување на технолошкиот напредок, дигиталниот и индустрискиот раст и просперитетот насекаде на Балканот. Свесни сме дека развојот и стабилноста на Балканот мора да одат заедно со економскиот прогрес“, нагласи Каџир.

Осврнувајќи се и на трговските односи меѓу Туркије и Босна и Херцеговина, Каџир потсети дека размената на стоки минатата година надминала 900 милиони долари и дека до крајот на оваа година очекува таа да надмине една милијарда долари.

„Секогаш ќе го поддржуваме економскиот развој на Босна и Херцеговина и на целиот регион на Балканот“, подвлече Каџир.

Посебно го нагласи значењето на унапредувањето на соработката во областа на индустријата и технологијата.

„На сите меѓународни платформи истакнуваме дека унапредувањето на соработката во областа на индустријата и технологијата, во сите области на економијата, само за сите би донело мир, стабилност и просперитет. Со оглед на моментната геополитичка и економска клима, лично мислам дека тајмингот не може да биде подобар да се работи и гласно да се зборува за тоа“, порача Каџир.

Говорејќи за активностите што ги спроведуваат во Туркије, Каџир рече дека Туркије дава стимулации за инвестиции во обновливи извори на енергија, кои денес сочинуваат 55 отсто од вкупниот инсталиран капацитет.

„Ние не само што користиме, туку имаме и производи од зелената енергија. Денес Туркије е на прво место во производството на соларни панели во Европа. Подготвени сме и заинтересирани за соработка во областа на зелената енергија со сите земји од Балканот. Патот до зелениот раст нуди значителни изгледи за Туркије и балканските земји за уште поблиска соработка во иднина“, рече Каџир.

Тој додаде дека сличен прозорец на можности постои и во областа на дигитализацијата и иновациите.

„Технолошкиот развој е клуч за иднината, за сите. Свесни сме дека најлесен и најодржлив начин да се направи тоа е да се забрза, продлабочи и прошири соработката меѓу нашите земји, без никого да изоставиме. Се надевам дека Форумот ќе нѐ поттикне сите кон реализација на нови проекти за иднината“, заклучи Каџир.

Во рамките на посетата на Босна и Херцеговина, министерот Каџир денес во Сараево ќе оствари низа средби.

Годинашниот Сараево бизнис-форум обединува истакнати претставници на деловната заедница, инвеститори, експерти и владини претставници за да разговараат за клучни економски прашања и да ги истражат можностите за инвестирање и заедничка соработка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинските власти ја поздравија одлуката на Шпанија, Норвешка и Ирска да ја признаат Палестина како држава

Следно

ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop