Палестинските власти ја поздравија одлуката на Шпанија, Норвешка и Ирска да ја признаат Палестина како држава

May 22, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Палестинските власти (ПА) го поздравија потегот на Норвешка, Шпанија и Ирска, кои денес го објавија официјалното признавање на палестинската држава, јавува Анадолу.

Раководството на Палестина со седиште во Рамала рече дека признавањето на државата Палестина е чин на признавање на правото на палестинскиот народ на самоопределување на својата земја и преземање вистински чекори за поддршка на спроведувањето на решението за две држави.

„Правото на народите на самоопределување е воспоставено право и признаено со меѓународното право“, се вели во соопштението.

Палестинските власти ги повикаа другите земји да го следат овој пат на враќање на довербата во глобалниот систем заснован врз правила и еднакви права за сите народи.

Признавањето на Палестина како држава од страна на Норвешка, Ирска и Шпанија ќе стапи на сила на 28 мај 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перез го „откачил“ Макрон: Мбапе нема да игра на ОИ во Париз

Следно

Турскиот министер Каџир: Развојот и стабилноста на Балканот мора да одат заедно со економскиот прогрес

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop