Туркије прогласена за најдобра земја во развој во јужна Европа за патување и туризам

May 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије е прогласена за најдобра земја во развој во јужна Европа за патување и туризам, според извештајот на Индексот за развој на патувањата и туризмот (TTDI) за 2024 година, објавен од Светскиот економски форум (WEF) во соработка со Универзитетот во Сари, јавува Анадолу.

Во најновиот индекс, Туркије се искачи за осум места и се рангираше на 29-тото место од 119 земји. Со резултат од 4,39 отсто, го надмина глобалниот просек за 10,6 отсто и европскиот просек за 3 отсто, позиционирајќи се како една од земјите со најдобар перформанс на ова поле и во светот и во Европа.

Со овој пораст, Туркије стана водечка земја во категоријата за Јужна Европа, која ги вклучува и Хрватска, Италија, Малта и Шпанија.

Туркије, исто така, направи забележително подобрување од 14 отсто во индикаторот за приоритизација на патувањата и туризмот, скокајќи за 18 места со што стана втора во светот според овој критериум. Земјата, исто така, покажа значителен прогрес во инфраструктурата за воздушен транспорт, издигнувајќи се за 10 места и се рангира на 8-то место во светски рамки.

Туркије го задржа 13-тото место кај индикаторот за културни добра во извештајот и напредуваше седум места во нерекреативните ресурси, достигнувајќи го 16-тото место. Во критериумот за природни ресурси, Туркије се искачи за 24 места рангирајќи се на 32-то место.

Светскиот економски форум го ажурираше индексот во 2022 година, менувајќи го своето име од Индекс на конкурентност во патувањата и туризмот (TTCI) во Индекс за развој на патувањата и туризмот (TTDI), со посилен фокус на одржливоста.

Конкурентноста на цените, туристичките услуги и инфраструктурата, сигурноста и безбедноста, човечките ресурси и пазарот на труд, одржливоста на побарувачката и деловното опкружување се пријавени како индикатори во кои Туркије има простор за подобрување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силно невреме во Србија, загина една жена

Следно

Норвешкиот премиер објави признавање на Палестинската држава, Ирска тоа ќе го стори подоцна денеска

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop