Норвешкиот премиер објави признавање на Палестинската држава, Ирска тоа ќе го стори подоцна денеска

May 22, 2024
1 min read

Владите на Ирска и Норвешка донесоа одлука за признавање на Палестинската држава, пишуваат медиумите во тие земји. Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе денеска свика посебна прес конференција на која изјави дека неговата земја ќе ја признае Палестина како држава од 28 мај и покрај предупредувањата од израелската влада.

– Ние веруваме дека решението со две држави е во најдобар интерес на Израел, рече норвешкиот премиер на специјално свиканата прес-конференција. Тој додаде дека целта е „да се оствари палестинска држава која е политички кохезивна и која произлегува од палестинската самоуправа“.

 

Исто така и Ирска минатата недела најави дека „сигурно“ ќе ја признае Палестинската држава пред крајот на мај, а премиерот на Ирска за подоцна денеска свика прес конференција. 

И шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека во шпанскиот парламент ќе го објави датумот на официјалното признавање на палестинската државност.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије прогласена за најдобра земја во развој во јужна Европа за патување и туризам

Следно

Костов во СТУДИО 10: Железницата е бизнис, а не политика, таа е скапа инвестиција, но долгорочно е исплатлива

Latest from Blog

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда
Go toTop