Кривичен одреди 30-дневен притвор за врховниот судија Наќе Георгиев

May 21, 2024
1 min read

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против Н.Ѓ.,  за кој постои основано сомнение за кривичното дело Примање награда за против законито влијание од чл. 359 од КЗ, донесе решение со кое:

По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на  Јавниот обвинител донесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно Може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците,  и околности кои  упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Воедно ја информираме јавноста дека, по добивање на предлогот за определување на мерка притвор против осомниченот, кој е актуелен Врховен судија, Кривичниот суд се обрати до Судскиот совет на РСМ како надлежен за одлучување во однос на имунитетот на судијата за што советот донесе  одлука која е јавно објавена:

А, по добивање на одлуката на Судскиот совет, судијата на претходна постапка се обрати и до надлежниот Апелационен суд Скопје, со оглед да член на потесното семејство на осомничениот е избран судија во Основниот кривичен суд Скопје кој веднаш по изборот е времено делегиран да постапува во друг суд, а со цел доследно почитување на Законските одредби и надлежноста во постапувањето. Од второстепениот суд е добиено решение според кое не постојат законски пречки судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да постапува по предлогот на ОЈО ГОК, по што е донесено горенаведеното решение.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Западот поделен за одлуката на МКС за Нетанијаху и Хамас

Следно

Животот доби нова химна: ДНК, Наум Петрески и Џамбо Агушев ја објавија „Животе брате (ВИДЕО)

Latest from Blog

Муцунски во Луксембург – потпишана Меѓународната конвенција за заштита на професијата адвокат

Од Стокхолм, каде што оствари работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, отпатува за Луксембург, каде учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на

Тихомир Јанчовски ја објави стихозбирката „Пеколот е мало место“

Во поетската едиција на Книгоиздателството „Макавеј“ е објавена стихозбирката „Пеколот е мало место“ на поетот Тихомир Јанчовски. Како што информира „Макавеј“, „Пеколот е мало место“ се надоврзува на претходниот поетски опус на

Честитки за победата до Рама од Лајен, шефови на држави и влади

Победата на неделните парламентарни избори на албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, му ја честитаа поголем број премиери, шефови на држави но и претседателката на Европската комисија, Урсула фон

Мицкоски: Следната недела ќе имам повеќе информации за моите делувања по излегувањето на Таравари од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски пак одговарајки на новинарско прашање кажа дека следната недела ќе каже повеќе околу неговата одлука дали ќе чека Таравари и министрите сами да си дадат оставка или ќе ги
Go toTop