Западот поделен за одлуката на МКС за Нетанијаху и Хамас

May 21, 2024
1 min read

Европа поделена околу барањњето за апсење на првите луѓе на Израел и Хамас. Додека Франција и Словенија ја поздравија одлуката, останатите членки на Унијата или молчат или се против таквиот потег.

Од министерството за надворешни работи на Франција велат дека ја поддржуваат независноста на Меѓународниот кривичен суд. Порачуваат дека со месеци предупредувале за големиот број на цивилни жртви во Газа и уште еднаш побараа строго почитување на меѓународното хуманитарно право.

„Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд, неговата независност и борбата против неказнивоста во сите ситуации. Што се однесува до Израел, предистражниот совет ќе одлучи дали ќе ги издаде тие налози, откако ќе ги испита доказите доставени од обвинителот.“ – велат од Министерството за надворешни работи на Франција.

Од Словенечкото Министерство за надворешни работи велат дека воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени на израелска и палестинска територија „мора да бидат кривично гонети без оглед на сторителите.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел со порака, сите држави што ги ратификувале статутите на меѓународниот кривичен суд, се должни да ги спроведуваат неговите одлуки.

„Мандатот на МКС, како независна меѓународна институција, е да ги процесуира најтешките злосторства според меѓународното право.“ – рече Борел.

НО не сите земји членки на унијата го делат истиот став. За чешкиот премиер неприфатливо е да се издаде налог за апсење на претставниците на демократски избраната влада заедно со водачите на исламистичка терористичка организација. Од Британската влада пак велат дека ваквата одлука на меѓународниот кривичен суд не помага да се извлечат заложниците, да се обезбеди хуманитарна помош и да се постигне напредок кон прекин на огнот. За официјален Берлин, барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност.

„Хамас продолжува да држи израелски заложници во неописливи услови, го напаѓа Израел со ракети и го користи цивилното население во Газа како жив штит. Израелската влада има право и должност да го штити и брани својот народ.“ – велат од Министерството за надворешни работи на Германија.

Од другата страна на атлантикот, преставници на законодавниот дом на САД побараа воведување санкции против судот. За американскиот претседател Џо Бајден барањето на Меѓународниот суд е срамно.

„Што и да навести овој обвинител, нема еквивалентност – ниту една – меѓу Израел и Хамас. Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите за неговата безбедност.“ – изјави Бајден.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан вчера побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант под обвинение за поттикнување глад како метод на војна, вклучително и задржување хуманитарна помош и намерно таргетирање цивили во конфликтот“.

Налози за апсење се побарани и за лидерите на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије за убиство, земање заложници, силување и сексуални напади.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије и Кина потпишаа Меморандум за соработка во енергетската транзиција

Следно

Кривичен одреди 30-дневен притвор за врховниот судија Наќе Георгиев

Latest from Blog

Депортиво и Елче ги поделија бодовите

Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот

Русија е во потрага по синот на американскиот министер за здравство- се борел на страната на Украина

Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди помладиот, ја презеде

Државата ќе продава скоро 1.000 хаварисани возила – одат на лицитација како старо железо, еве кои се условите за купување

Агенцијата за управување со одземен имот става на продажба дури скор 1.000 хаварисани возила, кои ќе се нудат во еден закупен пакет исклучиво за третман како отпаден материјал. Возниот парк од конфискувани

Тимот на Инфантино се распаѓа, Кевин Ламур си поднесе оставка

Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, инаку еден од најблиските соработници на претседателот на кровната фудбалска институција во светот, си замина од функцијата односно си поднесе оставка. Потегот се случува по серијата

Венецуела бара од Британија да им врати 31 тон злато, вредно 4 милијарди долари

Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус е постигнат по две недели преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, а целта е да се деблокираат
Go toTop