Претседателот загина, ајатолахот има рак

May 20, 2024
1 min read

Смрта на Ебрахим Раиси и староста/болеста на врховниот лидер Хаменеи јасно даваат до знаење дека Иран го очекуваат големи промени во врвот на државата. Меѓутоа, засега нема сигнали дека ќе дојде до паѓање на конзервативниот режим кој со цврста рака управува со најмоќната шиитска држава на светот.

Врховниот водач (Velâyat-e Faqih) e неприкосновен владетел во Иран и е одговорен за донесување на сите главни одлуки во врска со државата. Таа позиција е воспоставена по Исламската револуција во 1979 година, и истовремено е и шеф на државата и врховен командант. Му припаѓа единствено на високо рангиран шиитски теолог кој мора да биде барем на ранг на ајатолах. Го избира собрание од 88 верски големци, главно од светите градови Ком и Машад.

Тие формално имаат и надзорна улога над неговите одлуки но тоа во реалноста не се случува, па мудрите старци (по 80 и 90 години) главно се занимаваат со дополнително загорчување на животот на луѓето: улогата на жените, носење на хиџабот, ограничувања на музиката, забраните за алкохол…

Од  друга страна, претседателот на Иран е на чело на извршната власт и се избира во строго контролиран процес на секои четири години. Во зависност од политичките комбинации и силата на таа личност, и тој  може да има големо влијание врз државната политика и економијата.

Според уставот на Иран, во рок од 50 дена ќе се знае кој ќе биде нов претседател, но за познавачите, многу поважно е прашањето кој ќе го наследи 85 годишниот Хаменеи.

Тоа само еден Алах знае. Во комплицираната и многу непроѕирна политичка структура на Иран, овие прашања не се дискутираат јавно. Западни инстанци кои веруваат дека се блиски до политичкиот естаблишмент извесно време ги споменуваа Раиси и синот на Хаменеи, Мојтаба, како главни кандидати.

Хеликоптерската несреќа го елиминираше Раиси па се чини дека Мојтаба сега има отворен пат до врвот. Но, рискантно е да се става опклада на таа карта бидејќи водачите на Исламската револуција од 1979 година жестоко се спротивставуваа на секаков вид систем што ќе заличеше на монархија. Од друга страна, и популарноста на Мојтаба никогаш не била тестирана, со оглед на тоа дека тој не извршува ниту една владина функција и не е многу често присутен во јавноста а врховниот лидер би требало барем да изгледа дека има автентична поддршка од масите.

Накратко, за Раиси ќе се најде замена. Но, секоја трансформативна промена во Иран,  на подобро или на полошо, може да се очекува само после смртта на Хаменеи.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: За шест месеци Солун ќе го добие најмодерното и најубавото метро во Европа

Следно

Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување

Latest from Blog

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop