Во Србија бројот на мигранти е намален за 73 отсто во однос на минатата година

May 14, 2024
1 min read

Српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ изјави дека бројот на мигранти во Србија е намален за 73 отсто во однос на лани, а дека намалувањето на бројот на мигранти датира од минатата есен.

Таа за весникот „Политика“ изјави дека тоа во голема мерка е резултат на нововоспоставената соработка меѓу властите на Турција и Грција на полето на спречување на нерегуларна миграција на Егејското Море и на копнената рута.

„Состојбата со миграцијата во Србија е стабилна – сите институции се одговорни и континуирано си ја вршат својата работа и се подготвени доколку има зголемен број на мигранти“, рече Станисављевиќ.

Според податоците на Комесаријатот за бегалци и миграции, од почетокот на годинава се регистрирани вкупно 6.705 лица, а во однос на истиот период од претходната година кога биле регистрирани 24.640 мигранти, тоа претставува намалување за 17.935 лица.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп – овој знак ќе добие сериозна главоболка од проблемите кои ги очекуваат денес, а еден знак особено да размисли пред да каже нешто!

Следно

САД ги разгледуваат наводите за израелска злоупотреба на палестински затвореници

Latest from Blog

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop