САД ги разгледуваат наводите за израелска злоупотреба на палестински затвореници

May 14, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) вчера соопштија дека ги разгледуваат извештаите за прекршувањата на човековите права извршени од страна на Израел врз Палестинците во таен центар за притвор во пустината Негев, повикувајќи го Тел Авив да спроведе темелна истрага, јавува Анадолу.

„Ги видовме тие извештаи и загрижени сме за нив“, изјави заменик-портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, за новинарите на прашањето за истрагата на Си-ен-ен за наводните прекршувања на човековите права.

Додавајќи дека САД ги истражуваат овие и други наводи за злоупотреба во притвор, Пател го повика Израел да се однесува кон сите затвореници „хумано и достоинствено во согласност со меѓународното право“.

„Израел има обврска темелно да ги истражи сериозните прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, нагласи Пател.

На 11 мај е објавен извештајот за истрагата „Врзани на земја, со превез на очите, држени во пелени: Израелски информатори детално ја опишуваат злоупотребата на Палестинците во мрачниот центар за притвор“.

„Затворените Палестинци се подложени на ужасни услови и се предмет на злоупотреба, вклучително и ставање во стресна положба, ампутирање на екстремитети и принудени се да носат пелени“, се вели во извештајот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Србија бројот на мигранти е намален за 73 отсто во однос на минатата година

Следно

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај

Latest from Blog

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop