Димитриеска Кочоска: Приоритет на владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат општините со проектот 250 милиони евра годишно

May 13, 2024
1 min read

Приоритет на владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат општините. Сите проекти кои владата во овој момент ги отпочнала, ние нема да стопираме проекти како нив, туку се што е добро ќе се реализира. Секаде каде има чиста состојба ќе продолжи, а каде има дискутабилност ќе има ревизија. Општините имаат подготвено проекти и тие ќе бидат финансирани со 250 милиони евра годишно и нема да ги делиме општините на наши и ваши, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска за „Аргумент плус“.

Димитриеска Кочоска појасни дека ќе има правична распределба на средствата, а приоритет ќе се дава на општините кои имаат веќе подготвено проекти.

Во однос на најавениот кредит од милијарда кој ќе го добиеме како влада со влада, таа изјави дека истиот ќе биде со поволни услови и ќе се користи за проекти кои ќе значат додадена вредност во економијата и зголемен бруто домашен производ.

 -Тоа што можам да го кажам е тоа што го најави претседателот Христијан Мицкоски, дека станува збор за кредит кој ќе го добиеме како влада со влада и кој ќе биде со многу поволни услови и ниска каматна стапка. Имаше дискусии дека со оваа една милијарда ќе има зголемување на јавниот долг и сум изненадена како се создава некаква галама, а во изминативе години се јавниот се зголеми за 4 милијарди евра нето и притоа немаше толкав притисок кон владата да објаснат каде ги потрошија парите. Јасно е дека парите се потрошија за коруптивни и криминални зделки, но можам да ги убедам граѓаните, ова задолжување ќе биде во интерес на граѓаните и под поволни услови ќе обезбедиме вложување со цел да има додадена вредност во економијата, рече Димитриеска Кочоска.

 

Димитриеска Кочоска за разлика спореди дека власта во заминување предвидела во буџетот за 2024 година Македонија да се задолжи за 1 милијарда и 278 милиони евра.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Војна во Украина: Руската Армија започна нови операции во областа на Харков

Следно

Британски боксер почина во рингот откако беше нокаутиран

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop