Вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер на Евровизија, нестрпливо се очекува настапот на претставникот на Израел

May 9, 2024
1 min read

Вечерва во Малме, Шведска ќе се одржи втората полуфинална вечер на Евровизија. За влез во финалето ќе се борат Албанија, Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Грција, Малта, Швајцарија, Белгија, Естонија, Грузија, Израел, Латвија, Холандија, Норвешка и Сан Марино.

Хрватска, Србија и Словенија во вторникот се пласираа во финалето заедно со Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург.

Еден Голан, претставничката на Израел која ќе настапи вечерва, синоќа на генералната проба за втората полуфинална вечер ја изведе својата песна „Ураган“, но дел од публиката во салата го исвиркуваше нејзиниот настап. Претходно таа мораше да го промени текстот на песната за да може да учествува, а организаторите се загрижени и за нејзината безбедност и таа е единствената која не излегува од хотелот и е под постојано полициско обезбедување. Нејзината песна првично имаше наслов Октомври дожд, но се сметаше дека текстот алудира на нападите на 7 октомври и мораше да го промени текстот за да и биде дозволено да се натпреварува.

Лани, Евровизија воведе промена во начинот на одлучување за редоследот во големото финале. Последниве години земјите кои се пласираа од  полуфиналето и „големата 5“, по случаен избор избираа во која половина од големото финале ќе настапат. Продуцентите на шоуто потоа одлучија каде тие изведувачи ќе настапат во првата половина (песни од 1 до 13) или во втората (песни од 14 до 26) од големото финале.

Минатата година беше воведена нова категорија “Producer‘s Choice (Избор на продуцентот). Изведувачите се извлекуваат по случаен избор според редоследот на нивната изведба, за да можат да настапат во првата половина на вечерта, во втората половина или нова опција по избор на продуцентот. Ова знаи дека ако изведувачот извлече „Избор на продуцентот“ по случајно извлекување, продуцентите на шоуто ќе можат да ја стават таа песна каде било во првата или втората половина од ноќта. Промената значи дека сега ќе има 6 места за избор во првата половина од ноќта, 6 во втората половина и 13 места избрани од продуцентите. На овој начин, продуцентите на шоуто имаат можност дополнително да ги претстават сите песни во големото финале.

Организаторите годинава забранија истакнување на знамиња кои не се признати државни знамиња или знамиња на ЛГБТ, а тоа се однесуваше и на знамето и другите симболи на Палестина.

Финалето е во сабота на 11 мај. Според обложувалници кои пак, не се мерило за победа, најголеми шанси има Хрватска, чиј претставник Бејби Лазања направи вистински спектакл во салата, кревајќи ја публиката и медиумскиот центар на нозе.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жозе Мурињо во нова реклама на „Туркиш ерлајнс“ по повод финалето на Лигата на шампиони

Следно

Девет години од вооружената престрелка во „Диво насеље“

Latest from Blog

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија
Go toTop