Жозе Мурињо во нова реклама на „Туркиш ерлајнс“ по повод финалето на Лигата на шампиони

May 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Националната турска авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (THY) објави комерцијален филм снимен со светски познатиот португалски тренер Жозе Мурињо за финалето на Лигата на шампионите на УЕФА во 2024 година, јавува Анадолу.

Според соопштението на прес-службата на THY, рекламата е снимена за лондонското финале на Лигата на шампионите на УЕФА во 2024 година, чиј официјален спонзор е оваа компанија.

Финалето е закажано за 1 јуни 2024 година на Вембли, Лондон, а ќе играат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Во филмот, Жозе Мурињо, кој ги доживува уникатните услуги на „Туркиш ерлајнс“ за време на летот, победува во тежок шаховски натпревар. Додека ги дегустира гурманските деликатеси што ги нуди кујната на „бизнис-класата“ на THY, Мурињо во живо го следи и натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА.

Претседателот на Управниот одбор и Извршниот комитет, Ахмет Болат, рече дека „како ‘Туркиш ерлајнс’, тие се многу горди што се официјален спонзор на таков престижен настан како што е Лигата на шампионите на УЕФА. Во овој контекст, оваа соработка со Жозе Мурињо ја зајакнува силата на нашиот бренд во глобалната арена и неговата посветеност на спортот“.

Мурињо изјави дека THY со наградите што ги добива секоја година докажала дека е најдобра авиокомпанија во Европа.

„За мене е голема чест да работам со нив. Со оваа соработка ја комбинираме мојата страст за победа и уникатниот сервисен пристап на ‘Туркиш ерлајнс’“, изјави португалскиот експерт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косовската влада негира дека стои зад лажната вест за смена на Ескобар од емисар на САД за Западен Балкан

Следно

Вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер на Евровизија, нестрпливо се очекува настапот на претставникот на Израел

Latest from Blog

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски

Николоски: Ќе се реконструира целиот пат од Валандово до Струмица преку Валандовско Брдо

Со комбинирана владина поддршка во инфраструкутрата, земјоделството и туризмот, правиме развој на општина Валандово. Предвидовме финансиска поддршка од околу 100 милиони денари, од кои 65 милиони денари се директно од буџетот на
Go toTop