ТикТок тврди дека забараната на апликацијата ќе значи прекрушување на правото на слобода на говор

April 21, 2024
1 min read

Компанијата ТикТок соопшти дека влегувањето во сила на одлуката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за забрана на платформата би претставувало повреда на слободата на говорот за повеќе од 170 милиони Американци кои ја користат, пренесува Би-Би-Си.

Американскиот Конгрес во саботата усвои закон со кој се предвидува забрана на популарната социјална мрежа за споделување кратки видеа, доколку нејзиниот сопственик не ги прекине односите со Кина.

Законот е дел од надворешнополитичкиот пакет на САД кој вклучуваше помош за Украина, а ако стане закон по гласањето во Сенатот, компанијата Битеданс која управува со ТикТок, ќе има девет месеци да го продаде својот удел на друг сопственик, а во спротивно ќе се соочи со забрана за работа.

Американските власти изразија загриженост за популарноста на ТикТок меѓу младите луѓе. Тие тврдат дека Битеданс е подредена на политичките интереси на официјален Пекинг, што компанијата постојано го негира.

Таквите тврдења ги отфрла и Кина, оценувајќи ги како „американска параноја“.

Сенатот се очекува да гласа за законот веќе следната недела, а претходно американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека веднаш потоа ќе го потпише законот.

Портпаролот на ТикТок остро го осуди законот, велејќи дека тој „ќе го поткопа правото на слободен говор за 170 милиони Американци и ќе ја затвори платформата што носи 24 милијарди долари за американската економија годишно“.

ТикТок тврди дека Битеданс „не е агент на Кина или која било друга земја“. И самата компанија Битеданс инсистира дека не е кинеска компанија, посочувајќи на многу светски инвестициски фирми од Запад кои поседуваат 60 отсто од компанијата.

Основана во 2012 година од кинески претприемачи, Битеданс го лансираше ТикТок една година подоцна.

Апликацијата за таа социјална мрежа беше забранета во Кина, но за пет години доби над милијарда корисници ширум светот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Синан рече дека ќе ме проколне“: Вдовицата на Сакиќ откри дел од тестаментот, синот им ги загорчил животите

Следно

Барбано: Ја следиме ситуацијата во северно Косово заедно со косовската полиција и КФОР

Latest from Blog

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и

Отворен повик за универзитетска летна пракса во Општина Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 падна за 0,66%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.838,33 поени, со дневен пад од 0,66%, односно – 65,54
Go toTop