Барбано: Ја следиме ситуацијата во северно Косово заедно со косовската полиција и КФОР

April 21, 2024
1 min read

Шефот на мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС), Џовани Пјетро Барбано изјави дека оваа мисија ја следи општата безбедносна ситуација околу избирачките места во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, каде што се гласа за разрешување на сегашните градоначалници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Барбано на платформата „Х“ објави дека мониторингот на ЕУЛЕКС се врши во координација со косовската полиција и мисијата на НАТО во земјата, КФОР.

-Во координација со косовската полиција и КФОР, ЕУЛЕКС ја следи општата безбедносна состојба околу избирачките места во четирите општини каде се гласа за смена на градоначалниците, напиша Барбано.

Граѓаните во четирите општини на северот на Косово, Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин-Поток, Звечан, денеска гласаат дали сакаат да ги разрешат актуелните општински градоначалници.

Албанските градоначалници на општините од северот ги добија мандатите во април минатата година на избори кои исто така беа бојкотирани од Србите, со повикот од најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, како и на други субјекти кои ја претставуваат таа заедница.

Судејќи според многу малиот одѕив на гласачите – до 11 часот гласале само 85 од над 44.000 запишани гласачи, повеќе од сигурно е дека овој референдум ќе пропадне.

Според Управното упатство на Владата на Косово, за гласањето да биде успешно, треба да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин. Доколку се исполни овој услов, тогаш вонредните избори ќе се одржат во законските рокови.

Во случај учеството да биде помало од 50 отсто, тогаш гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци.

Поранешните српски градоначалници на општините поднесоа оставки во ноември 2022 година по одлуката на Владата за промена на српските со косовски регистарски таблички. По неколку месеци, на 23 април 2023 година, се одржаа нови избори на север, но истите беа бојкотирани од Српска листа и од српските граѓани. (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ТикТок тврди дека забараната на апликацијата ќе значи прекрушување на правото на слобода на говор

Следно

ПО ДВЕ НОМИНАЦИИ ЗА ОСКАР ВО ЕДНА ГОДИНА, ГЕРМАНСКАТА АКТЕРКА САНДРА ХИЛЕР ЌЕ ДЕБИТИРА КАКО ТЕАТАРСКА РЕЖИСЕРКА ВО 2025

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop