Вложил „малку“, па создал милијарди: Што и да направи парите се „лепат“ за него – како Бекам го склопил договорот на годината?

March 20, 2024
1 min read

Славниот фудбалер, што и да направи, парите постојано „се лепат“ за него, како му успева тоа?

Популарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам со купувањето на фудбалскиот клуб Интер Мајами, го склопи еден од најдобрите договори во историјата на спортот.

Кога во 2007 година донел одлука да потпише договор со ЛА Галакси, фудбалската јавност беше во целосен шок, а подоцна се докажа дека тоа била најдобрата одлука која ја донел во својата кариера.

Имено, кога го потпишал договорот со екипата од ЛА, тој добил гаранција дека кога ќе ја заврши својата кариера како фудбалер ќе може да стане сопственик на клуб од било која франшиза, за фиксна цена од 25 милиони евра.

Играјќи во МЛС лигата пет години тој заработил 225 милиони, а потоа во 2013 година за „само“ 25 милиони станал сопственик на Интер од Мајами.

Американскиот инвеститор и популарен спортски инфлуенсер, Џо Помпилиано, истакнува дека тоа бил еден од најдобрите потези некогаш, кога станува збор за спортот.

Вредноста на клубот се зголемувала од година во година, за деценија подоцна да надмине милијарда долари.

Според извештаите на „Спортица“, вредноста на Интер Мајами на почетокот на 2024 година била 1,02 милијарди долари.

Само три фудбалски клубови од САД, вклучувајќи го клубот од Флорида, успеале да ја пробијат оваа магична граница – Лос Анџелес ФК (1,15 милијарди), Атланта Јунајтед (1,05 милијарди) и ЛА Галакси (1 милијарда).

Бројни експерти истакнуваат дека популарниот Бекс од интернет, го направил најголемиот спортски бизнис којшто светот некогаш го видел.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Два месеца ќе се истражува евентуалната злоупотреба на социјална помош и пензија: рачно ќе се проверува секое барање

Следно

Брнабиќ изгласана за претседател на Народното собрание на Србија

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop