Брнабиќ изгласана за претседател на Народното собрание на Србија

March 20, 2024
1 min read

Овластениот претставник на пратеничката група на коалицијата на СНС „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“, Владимир Орлиќ, во текот на дискусијата рече дека таа изборна листа со партнерите и соработниците ја предложила Ана Брнабиќ за претседател на српскиот парламент, бидејќи се горди на работата што ја направила за време на нејзините три премиерски мандати.

За изборот на Ана Брнабиќ во српското собрание кое брои 250 пратеници, гласаа пратениците кои влегоа во Собранието од листата на СНС „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ и СПС „Ивица Дачиќ – премиер на Србија“, Сојузот на војводинските Унгарци и партиите на националните малцинства.

На гласањето не присуствуваа пратениците на коалицијата „Србија не смее да застане“ и „НАДА“ (ДСС и ПОКС), додека пратениците „Ние гласот на народот д-р Бранимир Несторовиќ“ и „Ние гласот на народ“ беа против или не присуствуваа на седницата.

Како претседател на собранието Брнабиќ ја презеде функцијата и седницата на која беа изгласани шест потпретседатели на собранието и генерален секретар на собранието.

Тридневната седница за избор на Брнабиќ помина во тензични расправии и кавги помеѓу пратениците од власта и опозицијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вложил „малку“, па создал милијарди: Што и да направи парите се „лепат“ за него – како Бекам го склопил договорот на годината?

Следно

Ана Брнабиќ е новата претседателка на Собранието на Србија

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop