Два месеца ќе се истражува евентуалната злоупотреба на социјална помош и пензија: рачно ќе се проверува секое барање

March 20, 2024
1 min read

Темелно ќе се разрешува неодамна отворената дилема – афера околу (не)правилно доделување на огромни средства за социјална помош.

-Социјалните инспектори се на терен и рачно ќе го проверуваат секое поединечно барање за социјална помош и социјална пензија, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, за „Макфакс“.

Првичното вкрстување на базите со податоци на Министерството за труд и на Министерството за внатрешни работи покажало 2.252 незаконски исплати оти лицата што добиле помош или социјална пензија имале возила на свое име иако условот е да немаат возила.

-Инспекторите сега проверуваат дали наодите од вкрстувањето на базите ќе се совпаднат со хартиената документација, која задолжително треба да ја имаат центрите за социјална работа. Со оваа проверка ќе се утврди и чија е вината за незаконски исплатените средства, дали се во базите на податоци или кај корисниците оти и тие имаат обврска да ја пријават секоја промена што би настанала по добивањето помош од државата. Манипулацијата е системска, најверојатно се вклучени повеќе лица и токму поради тоа го правиме вонредниот инспекциски надзор. Физички ќе се оди во секој од 30-те центри и нашите очекувања се дека постапката ќе трае најмалку два месеца, рече техничкиот министер Велковски.

Проверките се почнати во скопските центри, каде што вкрстувањето на базите покажа најмногу злоупотреби. Во Скопје техничкиот министер Велковски извести дека се регистрирани 714 злоупотреби, во Куманово 235, во Прилеп 229, а во другите центри бројката на злоупотреби е под 100.

Неговите претпоставки се дека се работи за милионски суми имајќи превид дека месечно на корисниците им се исплаќаат околу 270.000 евра.

Тврдењата на Велковски ги демантира доскорешната министерка Јована Тренчевска,  која во техничката влада е дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика. За неа, обвинувањата се лажни, без информации со завршени записници, факти и докази. Објасни дека во јануари го потпишала меморандумот за соработка со МВР за превенција за злоупотреба на системот за социјална заштита, кој почнал да се применува од февруари. Таа тврди дека до сега во секој случај во кој е утврдено дека корисникот дал лажни информации за поседување имот, правото на социјална заштита му се укинувало и го враќал паричниот надоместок.

 

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ванковска: Наводните 25.000 потписи за Силјановска завршија на буниште

Следно

Вложил „малку“, па создал милијарди: Што и да направи парите се „лепат“ за него – како Бекам го склопил договорот на годината?

Latest from Blog

Денеска на Мундијалот: Со самба против “Самураите“, Германија треба и мора, дербито е Холандија – Мароко

ФОТО:facebook.com/Brasilnationalfootballteamforever/ Во текот на денешниот ден на програмата се три супер интересни мечеви од 1/16 финалето на Мундијалот. Бразил – Јапонија, Германија – Парагвај и Холандија – Мароко. Бразил, предводен од Карло

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници

Николоски: Следува најголемата реформа во Железницата, потпишан грант со Светска банка

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на

Николоски: Следува набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање
Go toTop