Русите трет ден гласаат за претседател, додека се најавуваат протести

March 17, 2024
2 mins read

Денеска (17.03.2024 год) е трет и последен ден од гласањето на претседателските избори низ Русија, на кои се можни опозициските протести на кои повика пред смртта Алексеј Навални.

Се очекува актуелниот претседател Владимир Путин да победи на изборите откако на сите сериозни противници им беше забранет влез во изборната трка.

Руските претставници од избирачките тела изјавија дека приближно половина од 114 милиони гласачи во земјата гласале до пладне на 16 март преку Интернет или лично.

Надлежните на последниот ден од гласањето се подготвуваат за евентуален пладневен протест на избирачките места, а зголемени се заканите со затвор за сите за кои се смета дека го попречуваат изборниот процес.

Пред неговата смрт под сомнителни околности во затвор на Арктикот, опозицискиот лидер Алексеј Навални изрази надеж дека гласањето ќе биде искористено за изразување на јавното незадоволство од војната во Украина и владеењето на Путин.

Тој ги повика гласачите да гласаат точно напладне, а акцијата ја нарече „Пладне против Путин“.

По неговата смрт, неговата сопруга и други продолжија да повикуваат на протести.

Московското обвинителство напладне се закани дека ќе ги гони оние за кои сметаат дека го попречуваат изборниот процес.

Во текот на првите два дена од гласањето, некои го изразија гневот на авторитарното владеење на Путин со уништување на гласачките кутии со зелена антисептичка боја. Руски официјални лица и независни медиуми соопштија дека се пријавени 28 случаи.

Слични инциденти се забележани во најмалку девет градови, меѓу кои Санкт Петербург, Сочи и Волгоград.

Во Москва, полицијата уапси жена која на 15 март го запалила гласачкото ливче во гласачката кабина, објавија руските новински агенции, повикувајќи се на претставници на изборите во руската престолнина.

Ела Памфилова, шеф на изборната комисија, на 16 март изјави дека имало 20 случаи на обиди за уништување гласачки ливчиња со истурање течност во гласачките кутии и осум инциденти во кои луѓето се обиделе да ги уништат гласачките ливчиња со палење или употреба на димни бомби. Според извештаите на независните медиуми, до пладне на вториот ден од гласањето, полицијата отворила најмалку 15 кривични истраги за случаи на вандализам. Се очекува тој број да расте.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност, рече дека оние што протестираат против изборите се „негативци“ и „предавници“ кои им помагаат на непријателите на земјата, особено на Украина.

Путин (71), кој е континуирано на позицијата претседател или премиер во последните речиси 25 години, се натпреварува со тројца помалку познати политичари: лидерот на Либерално-демократската партија Леонид Слуцки, заменик-претседател на Државната дума. Владислав Даванков од партијата Нови луѓе и пратеникот на Државната дума Николај Харитонов од Комунистичката партија, чии политички позиции речиси не се разликуваат од Путиновите.

Минатиот месец, Централната изборна комисија на Русија ја отфрли кандидатурата на Борис Надеждин, 60-годишен политичар кој ја критикуваше руската агресија врз Украина.

Неговата кандидатура е одбиена поради, како што објаснува Комисијата, неважечки потписи за поддршка на неговата кандидатура. И покрај неговите жалби, Врховниот суд на Русија ја потврди одлуката на Изборната комисија.

Украинската и западните влади ја осудија Русија за одржувањето на гласањето во окупираните делови на Украина, нарекувајќи го нелегално.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги осуди напорите на Русија да „одржи претседателски избори во областите на Украина окупирани од Руската Федерација“.

Многу набљудувачи велат дека Путин ги одбрани дури и најслабите предизвикувачи за да обезбеди голема победа што може да ја наведе како доказ дека Русите ја поддржуваат војната во Украина и неговото раководење со неа. Во меѓувреме, Украина ги засили нападите врз Русија пред изборите, вклучително и напади длабоко во земјата.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска е Прочка- празник за проштевање и очистување од гревовите

Следно

Изборна комисија на Русија: Излезноста на претседателските избори надмина 55 отсто

Latest from Blog

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на

ВЛЕН: ДУИ ја блокираше еднаквоста во високото образование

Скопје – Потпишувањето на колективните договори со албанските универзитети потврди дека проблемите со кои тие се соочувале со години не биле резултат на законски или институционални пречки, туку на политичкиот пристап на

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската
Go toTop