Започнаа активностите за карневалот Прочка 2024 во Прилеп

March 16, 2024
1 min read

Со отворањето на изложбата на маски од ученици од прилепските училишта, отворена во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, денеска започнаа активностите за годинашниот карневал Прочка 2024.

Околу 300 маски изработени од прилепските ученици се дел од изложбата, најголемиот дел традиционални.

Гран при наградата за најмаска му беше врачена на осмооделенецот Матеј Тодоров од ООУ „Блаже Конески” за неговото дело Прилепски тутунар. Беа доделени и други награди, како и специјалната за детските градинки „Наша иднина“.

Во центарот на Прилеп, на платото кај Градскиот саат здружението на жени „Преродба“ ќе го претстави обичајот за „Велики поклади- Прочка“, „Амкање“. Обичајот ќе биде изведен во автентичен амбиент, привлечен за минувачите, кои во тој период ги има многу, како прилепчани, така и гости, а настанот ќе биде збогатен со настап на младите уметници Марко и Антонио, дел од етно составот „Пиреј“. Во текот на денот во Старата прилепска чаршија ќе продефилираат мечкарите кои ќе ги канат касапите и занаетчиите на карневалот и на посниот ручек – грав, в понеделник.

В недела напладне, на Прочка, во центарот на Прилеп е главното карневалско дефиле на маските кое ќе го предводи автентичната, од министерството закултура порогласена за нематеријално културно наследство, маската Прилепски мечкари.

На Карневалот се очекуваат околу 500 учесници со поединечни и групни маски, а стручно жири ќе ги прогласи најдобрите. Поканети се учесници и од речиси сите краишта на Македонија.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од 7 октомври во израелските напади загинаа 31.553 Палестинци, 73.546 се повредени

Следно

МВР работи на случајот со хакерскиот напад врз МЕПСО

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со
Go toTop