МВР работи на случајот со хакерскиот напад врз МЕПСО

March 16, 2024
1 min read

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за време на денешната посета на СВР Струмица одговорајќи на новинарско прашање, изјави дека се работи на случајот на хакерскиот напад врз МЕПСО и кога ќе имаат информации, ќе ги споделат со јавноста. Истрагата, како што рече, треба да покаже кој стои зад нападот.

Прашан да ја коментира веста дека е поднесена пријава до надлежно Јавно обвинителство против вработените во СВР Струмица кои наводно дозволиле да застари дисциплинска постапка, Бојмацилев одговори дека не е поднесена кривична пријава против ниту еден вработен.

-Има известување до Одделот за внатрешна контрола и известување до јавниот обвинител да се провери целиот случај. За конкретниот случај, се работи дека на некое лице му е затаена целата дисциплинска постапка. И до мене и до министерот Тошковски има акт, во кој се вели дека тој случај е застарен и треба да се затвори и е потпишан од двајцата, одговори Бојмацалиев.

Прашан како ја коментира фотографијата на која наводно командир на ТТПЕ Велес пребарува во документи во СВР Велес, дополнителниот заменик министер потврди дека е излезена таква фотографија и дека дел од Управните служби на овој Сектор пред две недели се пренесени во ТППЕ Велес.

-За ова е известена Внатрешна контрола, СВР Велес и јавен обвинител и веќе заеднички работат на испитување на случајот и докажување на автентичноста на фотографијата и на ликовите кои се таму и се надевам дека во наредните денови ќе имаме конкретен извештај кој ќе го споделиме со јавноста, одговори Бојмацалиев.

Тој додаде дека не сака да поверува дека некој од друга институција се дрзнал да влезе во МВР и да ги пребарува личните документи на граѓаните кои треба да се строго заштитени и доколку се утврди дека е така Бојмацалиев најави најстроги казни.

Инаку, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи покрај СВР Струмица ги посети и Одделенијата за внатрешни работи во Радовиш и Валандово, а безбедноста состојба на подрачјето на овој Сектор ја оцени како поволна. Бојмацалиев посочи дека СВР Струмица ќе продолжи со несмален интензитет во полициското работење со цел одржување на поволната безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски изборен процес.

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Започнаа активностите за карневалот Прочка 2024 во Прилеп

Следно

Судот одлучува дали Алвеш ќе биде пуштен од затвор

Latest from Blog

Николоски: Следува набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на
Go toTop