Ескобар: Имаме проблеми во комуникацијата со Курти

March 12, 2024
1 min read

Според него, проблеми имаат и Европската унија, НАТО, Велика Британија и многу други како Албанија и Северна Македонија. Изјавата бешпе дадена во Брисел.

„Партнерството меѓу САД и народот на Косово не зависи од една личност или партија, но имаме проблем во комуникацијата со Курти. Имавме, уживавме во многу, многу блиско партнерство со Косово во минатото. Многу би сакале тој однос да се врати како што беше порано“, изјавил Ескобар.
„ Сепак, морам да кажам дека во моментов имаме проблеми во комуникацијата со премиерот Курти. И не само САД, тоа е проблем што Косово го има и со ЕУ, НАТО, Велика Британија и повеќе партнери, вклучувајќи ги Албанија и Северна Македонија“.

Ескобар ја нарече „катастрофална“ и „некомпетентна“ одлуката на косовските власти да ја спроведат регулативата на Централната банка на Косово со која еврото се дефинира како валута за плаќање во готовина.
На прашањето за Заедницата на српските општини, Ескобар рече дека Приштина никогаш не кажала дали го прифаќа предлогот за статут на Заедницата на српски општини предложен од Европската унија и дека на САД им е тешко да разберат зошто не го прават тоа така.

„Слушнавме многу различни причини зошто не е оформена или зошто не напредува, од кои ниту една не прифаќаме. Треба да продолжиме понатаму“, изјави Ескобар.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партиите сè уште калкулираат за носителите на изборните листи

Следно

Бугарската морнарица уништи поморска мина близу пристанишниот град Варна

Latest from Blog

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот
Go toTop