Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност на снимањето на филмскиот сет

February 1, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот актер Алек Болдвин официјално е обвинет за убиство од небрежност поради пукањето на сетот на вестерн-филмот „Раст“ во 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).

Властите на почетокот од овој месец најавија дека претстојат обвиненија.

Хана Гутерез-Рид, која беше задолжена за огненото оружје на сетот, е исто така обвинета за убиство од небрежност.

Гутерез-Рид на сетот на „Раст“ беше задолжена за контрола на оружјето, додека Болдвин беше актер и продуцент на филмот, на кој не се продолжи со снимање по смртта на кинематографката Халина Хачинс.

Првата обвинителка на сојузната американска држава Њу Мексико, Мери Кармак-Алтвис, на 19 јануари објави дека ќе ги поднесе обвиненијата.

„По темелно разгледување на доказите и законите на државата Њу Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и другите членови на филмската екипа на „Раст““, рече таа во изјавата. „Во моја смена, никој не е над законот и секој заслужува правда.“

Хачинс почина во октомври 2021 година откако пиштол реплика што го држеше Болдвин, пукна, фатално застрелувајќи ја кинематографката и ранувајќи го режисерот за време на проба.

Обвинителот објави дека на Болдвин и Гутерез-Рид им се заканува затворска казна до 18 месеци и парична казна од 5.000 долари за убиство од небрежност според законите на сојузната држава. Обвиненијата вклучуваат и обвинение за користење огнено оружје, што го прави кривичното дело казниво со задолжителна затворска казна од пет години.

„Ако некој од овие тројца луѓе – Алек Болдвин, Хана Гутерез-Рид или Дејвид Холс – ја работеа работата како што треба, Халина Хачинс денес ќе беше жива. Толку е едноставно“, рече Андреа Риб, специјалната обвинителка назначена за случајот. „Доказите јасно покажуваат образец на казниво непочитување на безбедносни мерки на сетот на филмот „Раст“. Во Њу Мексико нема простор за филмски сетови кои не ја сфаќаат сериозно посветеноста на нашата држава за безбедност од оружје и јавната безбедност.“

Холс, помошник-режисерот на филмот, се изјасни за виновен по обвинението за несовесна употреба на смртоносно оружје и доби условна казна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнува изградбата на гасоводот меѓу Србија и Бугарија

Следно

Карпош продава над 40.000 квадрати државно земјиште кај касарната „Илинден“

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop