Почнува изградбата на гасоводот меѓу Србија и Бугарија

February 1, 2023
1 min read

Вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји ќе биде 170 километри, а поголемиот дел од гасоводот, односно 109 километри ќе бидат на српска територија. Гасниот интерконектор, кој ќе се протега од Нови Искар кај Софија до Ниш, ќе има капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас годишно

Денеска официјално почнуваат работните активности за изградбата на гасниот интерконектор помеѓу Србија и Бугарија. Изградбата на гасоводот ќе почне на бугарска територија, а на свечената церемонија по повод отпочнувањето на градежните работи ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот бугарски колега Румен Радев.

Вкупната должина на двонасочниот гасовод низ двете земји ќе биде 170 километри, а поголемиот дел од гасоводот, односно 109 километри ќе бидат на српска територија. Гасниот интерконектор кој ќе се протега од Нови Искар кај Софија до Ниш ќе има капацитет од 1,8 милијарда кубни метри гас годишно.

Вкупната вредност на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград – Бугарија, според проценката на Европската инвестициска банка (ЕИБ), е 85,5 милиони евра, од кои ЕИБ дава 25 милиони евра во форма на заем, 49,6 милиони е неповратно кофинансирање од ЕУ и ИПА-фондовите, додека остатокот ќе бидат трошоци што ќе се покриваат од буџетот на Србија и сопствени средства на ЈП „Србијагас“.

Гасната интерконекција меѓу Србија и Бугарија ќе биде подготвена за оперативна работа во средината на тековнава година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Следно

Алек Болдвин обвинет за убиство од небрежност на снимањето на филмскиот сет

Latest from Blog

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop