На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателските и кандидатите за пратеници

March 8, 2024
1 min read

По 10 илјади потписи за кандидатура на претседателските избори собираат вкупно 15 кандидати, од кои седум веќе си обезбедија место во трката за шеф на државата. За учество на парламентарните избори, пак, граѓански потписи собира само една независна листа.

Собирањето граѓански потписи за претседателските и кандидатурите за пратеници во парламентот, кое почна пред точно две недели, на 23 февруари, завршува денеска на полноќ. Во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) граѓаните ќе може до вечерва заклучно со 24 часот да го дадат својот потпис за некој од претендентите за кандидати за шеф на државата или за независните листи за пратеници.

По десет илјади потписи за кандидатура на претседателските избори собираат вкупно 15 кандидати. Седум од нив веќе успеаја да го соберат потребниот број на граѓански потписи и да си обезбедат место во трката за шеф на државата чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Потребниот минимум од 10 000 потписи за претседатеската кандидатура досега освоија – Бујар Османи (ДУИ), Арбен Таравари (коалиција „Вреди“), Максим Димитриевски (Движење ЗНАМ), Стевчо Јакимовски (ГРОМ), Билјана Ванковска-Цветковска (Левица), како и кандидатите на СДСМ, Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите. Кај нив бројот на собрани граѓански потписи од 23 февруари до 6 март се движи во интервал од 0 до 2 100.

Покрај за кандидати за шеф на државата, во ДИК се собираат потписи и за независни листи за пратеници во парламентот. Списокот на независни кандидати кои собираат потписи за потенцијална кандидатура на претстојните парламентарни избори почнува и завршува со едно име – Ана Бобинкова-Мијаковска.

Таа ја предводи независната листа на кандидати за пратеници од група избирачи Ана Бобинкова-Мијаковска во изборната единица 1, а заклучно со 6 март, таа собрала 103 потписи од потребните 1 000 за официјализирање на кандидатурата за парламентарните избори.

Собирањето граѓански потписи за претседателските и за кандидатурите за пратеници во подрачните одделенија на ДИК и кај овластени нотари почна на 23 февруари (петок) и ќе трае до полноќ на 8 март (петок).

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Без струја Петровец, Карпош и Центар

Следно

Кој со кого на патот до Келн? Познат е „костурот“ за нокаут рундите во ЛШ (ФОТО)

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop