Дневен хороскоп за четврток, 7-ми март 2024-та

March 7, 2024
2 mins read

ОВЕН

Не размислувајте за инвестиции. Во ваша полза е да бидете внимателни на работното место. Склони сте да одите против сѐ што е кажано од менаџментот, но си правите лоша услуга и не ги освојувате симпатиите на вашите колеги. Новите познанства не треба да ве поттикнат да се расправате со вашите директни претпоставени и колегите. Подобро држете се настрана.

БИК

Ќе имате неверојатен ден на вашето работно место. Новите познанства и обновувањето на старите ќе ви овозможат да откриете нови можности за професионално докажување, но не брзајте. Не треба да ја напуштите вашата моментална работа без да бидете сигурни дека тие ќе ги одржат ветувањата. Невнимателните промени ќе бидат грешка.

БЛИЗНАЦИ

Тешкотиите нема да ве спречат да уживате во креативниот наплив. Денот е исполнет со интересни настани во вашиот личен живот. Можно е да ви пристапат стари деловни партнери. Не сте ги завршиле целосно одности со нив и имате опција да ги обновите, но доколку одлучите да го направите тоа бидете внимателни.

РАК

Промените што ги очекувате нема да се случат брзо. За да ги реализирате ќе го изгубите целиот ден. Возете, но внимавајте кога сте зад воланот. Последиците од вашите тврдоглави и непромислени постапки ќе бидат неочекувани. Не правете промени ако не ви се допаѓаат или ако некој ви ги наметнува.

ЛАВ

Очекувајте проблеми. Ќе бидете критикувани од менаџментот доколку и денеска сте на работното место поради интриги од вашите непријатели. Почетоците, во секоја сфера, не се препорачливи. Завршете ја работата што веќе сте ја започнале за да се спасите од проблемите предизвикани од доцнењето.

ДЕВИЦА

Денеска сте целосно во владеење на успехот. Сите ваши цели ги постигнувате лесно и покрај пречките. Зафатете се со решавање на деловните проблеми или барем најдете начин брзо да ги завршите. Патувањето нема да биде успешно. Не си поставувајте долгорочни цели, доколку зависите од други луѓе за да избегнете неуспех.

ВАГА

Заштитете се од финансиски загуби. Зголемените трошоци во вашето семејство се поради неможноста да се воздржите од непотребните набавки. Бидете внимателни и размислете за какви и да се промени во вашиот професионален и личен живот. Прифатете дополнителна работа само ако добро ви биде платена.

СКОРПИЈА

Имате можност да ја подобрите финансиската состојба. Размислете за промените преку кои ќе го најдете вистинскиот излез од секоја тешка ситуација. Вашиот креативен пристап кон работното место и вашиот шарм ќе ја заслужат поддршката од колегите. Анализирајте ги изминатите денови и поправете ги сопствените грешки.

СТРЕЛЕЦ

Склони сте да им противречите на сите поради неподготвеноста да ги прифатите мислењата на вашите колеги. До пладне лесно можете да ги реализирате вашите планови. Деловните состаноци и разговори се успешни. Комуникацијата со менаџментот е полезна, но само доколку имате јасни идеи и сте нашле начин да ги спроведете.

ЈАРЕЦ

Емоциите не треба да ве спречуваат да ги видите вашите шанси за успех. Бидете смирени и не покажувајте агресивност. Размислете дали е време да го промените вашето однесување. Не размислувајте како да се одмаздите, доколку вашите колеги се обидат да ви ги преземат функциите и да седнат во вашата фотелја, уверувајќи го менаџментот дека се поспособни од вас.

ВОДОЛИЈА

Ќе успеете да решите болен службен проблем, иако вие не сте причина за неговата појава и развој. Започнете ги вашите нови задачи. Размислете што треба да промените во вашиот живот. Време е трезвено да ги процените сопствените грешки предизвикани од брзање или неможност да покажете разбирање.

РИБИ

Бидете одговорни за вашите должности и ќе сфатите кои височини можете да ги достигнете. Решете ги итните финансиски работи за да имате пари да ги покриете даноците. Деловните состаноци и разговори се успешни. Не бидете премногу наметливи и не форсирајте настани.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Изневерениот сопруг последен дознава“: Харис Џиновиќ откри дека Мелина ја донела одлуката да се разведат, еве како се чувствува

Следно

Пратениците ќе расправаат за можноста да се гласа со истечени документи

Latest from Blog

НЕ САКАМ ДА УМРАМ НА СНИМАЊЕ И ЗАТОА МИСЛАМ ДЕКА МИ Е ДОСТА ОД ГЛУМАТА, РЕЧЕ МАЈКЛ ДАГЛАС

Двократниот Оскаровец Мајкл Даглас вели дека најверојатно завршил со актерската кариера и оти нема  намера да се врати во филмскиот свет. Легендарниот 80-годишен актер гостува на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, Чешка,

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола.

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства – општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се

Пожарот во Чучер Сандево активен и надвор од контрола, со воздушна интервенција ќе се продолжи рано сабајле

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се

Општина Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите

Поради шумските пожари кои веќе два дена го зафаќаат подрачјето на Чучер Сандево, денес на вонредна седница на Општинскиот совет беше донесена одлука за прогласување вонредна состојба на територијата на општината. Градоначалникот
Go toTop