Панел-дискусии на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на конвенцијата за кандидатурата за претседател на Силјановска-Давкова

March 2, 2024
1 min read

Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“  е насловена една од двете панел-дискусии што ги одржува ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на конвенцијата за избор на кандидат за претседател на државата, од 13 часот, на која ќе биде промовирана кандидатурата за претседател на државата на Гордана Силјановска-Давкова. Професорката на Правниот факултет на УКИМ и член на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена која се пријавила на повикот на партијата за оваа функција. 

Потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски на панел-дискусијата рече дека на денешната конвенција „ќе се понуди надеж и претседател кој ќе биде лидер на нацијата“.

Според него, треба да се избере активен претседател на државата кој ќе се грижи за македонските национални малцинства кои живеат надвор од државата, односно, како што рече, „не само претседател кој зборува за проблемите, туку претседател којшто помага и нуди решенија“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал-Малики: Палестинската управа е единствената легитимна власт што може да управува со Газа по конфликтот

Следно

Вучиќ го обвини Западот: Сакаат во Србија да воспостават марионетска влада

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop