Како Шведска му докажа на светот дека греши со карантините

February 29, 2024
1 min read

Во 2020 година, светот тргна паметот на по паметот на Кина и стави катанци. Слободите беа драстично ограничени, исто како и економската активност а владите мораа да позајмуваат десетици и стотици милијарди за да ги одржат бизнисите и работници.

Во Европа, забележлив исклучок беше Шведска. И покрај жестоките критики, шведската влада реши одлучи да не наметне драконски ограничувања на социјалната активност.

Доказите сега убедливо сугерираат дека Шведска го направила вистинскиот избор.

Во истражување објавено во списанието Economic Affairs се анализирало како поминале различни земји на ОЕЦД во пандемијата, во однос на економијата и прекумерните смртни случаи.

Заклучоци се јасни: земјите што воведоа построги мерки за заклучување не доживеаја пониски стапки на вишок смртност. Шведска ја има една од најниските стапки кон крајот на пандемијата, со помалку луѓе умрени во споредба со нормална година пред пандемијата.

Истражувањето не нашло никаква корелација помеѓу карантините и прекумерните смртни случаи.

Но затоа економските ефекти на карантините се убедливо негативни. Колку повеќе земјата се затворила, толку поголем пад на БДП имала. Англија дури 10 отсто – најголем пад на производството во нејзината модерна историја. Спротивно на тоа, во Шведска, падот на економското производство бил помал од оној за време на финансиската криза во 2008 година. Шведската економија целосно закрепна до почетокот на 2021 година и сега е околу шест отсто поголема отколку во 2019 година.

За да се компензира значителниот пад на економската активност, повеќето влади беа принудени да усвојат масивни фискални мерки за поддршка на домаќинствата и бизнисите што ги експлодираше јавните долгови. Во Велика Британија долгот се зголемил за 8.400 фунти по глава на жител, во споредба со само 3.000 фунти во Шведска.

Иако и Шведите имаа утки кои нивната влада ги призна пред некоја година,  Шведска успеа во неколку клучни области каде што другите држави спектакуларно потфрлија.

Најзабележително беше што не паничеше за време на кризата. Разгледуваше и одмеруваше како нејзините политики ќе влијаат на општеството како целина. Не се фокусираше само на штетите од ковидот, не ги игнорираше потенцијалните долгорочни ефекти од карантините.

И залудно ги потсетуваше своите западни партнери дека пандемиската политика на кинеската авторитарна влада не треба да служи како водич за либералните демократии.

Автор на студијата, економистот Ларс Јонунг, признава дека таа не е совршена, но, жално е што никој од апостолите на карантините денес не наоѓа за потребно да докажува дека таа политика функционирала.

Oд статијата: Тажниот есап на министерот од стикерите

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ за ставот на Србија кон Русија и Украина: Tоа не е хибридна, туку многу јасна позиција на слободна земја која носи свои одлуки

Следно

Отфрлена претставка против Алсат во Агенцијата за медиуми

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop