Нужни се темелни промени, новата власт мора да биде реформски настроена, порача Силјановска од Тетово

February 29, 2024
1 min read

Нужни се темелни промени, новата власт мора да биде реформски настроена, порача вечерва професорката Гордана Силјановска Давкова од регионалниот изборен штаб во центарот на Тетово каде што како кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше поканета од локалното членство.

-Кога претседател кој мора да ги штити државните интереси прво вели дека не ја видел преговарачката рамка, а во меѓувреме обзнанува дека учествувал во нејзината изработка имаме проблем со отсуство на одговорност. Шефот на државата, пред сè друго, мора да ги брани националните приоритети и да не заборава дека суверенитетот извира од граѓаните. Не смее да се заборави дека легитимитетот на шефот на државата извира директно од граѓанинот како носител на суверенитетот. Кога се избира претседател има шанса личноста на претседателот да обедини и други луѓе кои нема да гласаат за партијата од идеолошки или од други причини. Секој што претендира на претседателска позиција мора да има на ум дека треба да обединува, а не да разединува, порача таа меѓу останатото во вечерашното обраќање пред членовите на партијата.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието ќе ја продолжи 145. седница – на дневен ред законите за стратешки инвестиции, за функционерските плати и за игрите на среќа

Следно

Роналдо доби суспензија поради простачкиот потег, тој вели дека тоа било покажување сила

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop