Ердоган: Нема да дозволиме никому повторно да го оживее мрачниот менталитет „28 февруари“

February 28, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, порача дека властите на земјата нема да дозволат никому повторно да го оживее мрачниот менталитет на протагонистите на пучистичкиот процес познат како „28 февруари“, јавува Анадолу.

Процесот попознат како „28 февруари“ во турската политичка историја е запишан како „постмодерен воен удар“, а се случи на денешен ден пред 27 години.

„Нашиот народ никогаш не ги заборави и нема да ги заборави пучистите и оние што ги поддржуваа, кои на 28 февруари ги нападнаа единството, солидарноста, демократијата и волјата на народот. Никому нема да му дозволиме повторно да го оживее мрачниот менталитет од 28 февруари во нашата земја“, порача Ердоган во порака на социјалните мрежи.

Процесот „28 февруари“ започна откако Советот за национална безбедност на Туркије на 28 февруари 1997 година донесе низа одлуки што често се нарекувани и постмодерен воен удар против Владата на тогашниот премиер на Туркије, Неџметин Ербакан, и тогашната шефица на турската дипломатија, Тансу Чилер.

Меморандумот на воениот врв на Туркије усвоен во 1997 година резултираше со мешање на војската во извршната власт и колапс на тогашната Влада.

Пред да поднесе оставка Ербакан беше принуден да потпише сет реформи во кои, меѓу другото, беше вклучена и забрана за пристап на жените со шамии во јавните институции и затворање на верските училишта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големо невреме во Италија, црвен и портокалов аларм во сила!

Следно

Зеленски: Балканските земји се под закана од Русија; Рама: Има реална закана од Русија, не треба да си играме со оган

Latest from Blog

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури

„Тука не смееш и животни да оставиш да живеат“, и пациентите и вработените во опасност

Екипата на „Фокус“ го посети и машкиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци, кој во моментов се реновира, но, според кажувањата, тоа изгледало како од хорор-филм. Во такви страшни услови, децении живееле

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски

Инвеститорите активни, индексите мирни: Македонската берза со промет од речиси 27 милиони денари на дднешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 09.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.689,62 поени. Во однос на
Go toTop