Taравари и Максим Димитриевски собраа по 10.000 потписи

February 27, 2024
1 min read

Арбен Таравари од обединетата албанска опозиција „Вреди“ попладнево соопшти дека ги собрал потребните 10.000 потписи за кандидатурата за претседател.

Таравари на социјалните мрежи им се заблагодари на сите оние кои се потпишале за неговата кандидатура за претседател.

„Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател!  Целта оваа кампања нека биде наменета за Вас!“, напиша Таравари на својот Фејсбук профил.

 

Кумановскиот градоначалник и лидер на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски, е третиот претседателски кандидат кој успеа да ги собере потребните 10 илјади граѓански потписи и со тоа да си обезбеди место на претстојната трка за шеф на државата.

Дека успеал да ги обезбеди потребните 10 илјади потписи за официјализирање на претседателската кандидатура, Димитриевски информира вечерва преку својот фејсбук-профил.

 

„Над 10 илјади потписи за кандидат за претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа!“

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доаѓа 8.Март: Што да ѝ подарите според нејзиниот хороскопски знак?

Следно

Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да игра на двата Мастерса во САД?

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop