Забраната за употреба на српскиот динар во Косово, главна тема на утрешниот дијалог Белград-Приштина

February 26, 2024
1 min read

Фокус на утрешната средба во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе биде ставен на изнаоѓање решенија за отворените прашања, најави денеска портпаролката за Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Набила Масрали.

Според неа, главна тема на утрешниот дијалог ќе биде неодамнешната одлука на косовската Централна банка за забрана за користење на други валути во Косово, освен еврото.

– Средбата ќе се одржи во вообичаениот формат за дијалогот и колку што знам, учеството е потврдено. Сепак, со повеќе детали ќе ве информираме подоцна, изјави Масрали во одговор на новинарско прашање околу најавите на Приштина дека нивни претставници нема да учествуваат на утрешната средба, бидејќи била закажана без консултација со косовските власти.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕУ претходно изрази жалење поради тоа што одлуката на косовската Централна банка за забрана на користењето на други валути во Косово освен еврото од 1 февруари, е донесена без претходни консултации, оценувајќи дека таа може да има последици врз српската и врз другите косовски заедници, бидејќи не остава простор за други алтернативи.

Според ЕУ, во Косово има институции, вклучително и училишта и болници, кои „функционираат во друга рамка“ добивајќи финансиска поддршка од Србија и ним им треба време да се прилагодат на ваквата одлука.

ЕУ оцени дека ќе беше посоодветно пред да биде донесена за оваа одлука да се разговараше во рамки на дијалогот Белград-Приштина за да се најде практично решение и побара воведување преоден период за стапување во сила на мерката.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбележани две години од руската агресија во Украина

Следно

Почина американскиот војник Арон Башнел кој се запали пред израелската Амбасада во Вашингтон

Latest from Blog

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на

ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО – Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи
Go toTop