Ќе има протести доколку платите на здравствените работници не се усогласат со минималната плата

February 25, 2024
1 min read

Независниот синдикат на здравствени работници најави протест. Бараат линеарно покачување на платите на здравствените работници и решавање на проблемот со договорите на дело.

Од синдикатот најавија дека координативното тело ќе одлучува во каква форма ќе го изразат својот револт од како што велат состојбите во здравството.

„На 10-ти април треба да ја земеме мартовската плата, каква ќе биде зависи од министрите и фондот за здравство, дали ќе биде со покачување или не, ќе одиме на три варијанти или протест за време на паузите, затворање на ЈЗУ од 11 до 14 часот и третата опција е генерален штрајк на здравството.“ – вели Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравствени работници.

Во меѓувреме останува нерешен и работниот статус на здравствените работници со договор на дело. Од синдикатот велат дека дел од нив воопшто не ни добиле нови договори.

Од министерството за здравство пак велат во март ќе има усогласување на минималната плата не само за здравствените работници, туку и за сите други помошни технички и административни службеници во здравствениот сектор согласно Законот за минимална плата. Владата пред нова година најави и решавање на работниот статус на 1.117 ангажирани во здравствениот сектор со договор на дело, но поради изборите, ресорниот министер рече дека постапките се ставаат во мирување и истите ќе бидат процесуирани по изборите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре блокада на граничниот премин Евзони од грчка страна

Следно

Вељановски: Сите документи со валиден датум се важечки за гласање, ДИК така одлучи и во 1998 година

Latest from Blog

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската
Go toTop