„Турската одбранбена индустрија испишува историја“

February 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес рече дека турската одбранбена индустрија пишува историја, со турски беспилотни летала и дронови кои го чуваат небото на 34 земји, известува Анадолу.

„Ќе го изградиме горниот сегмент на нашиот носач на авиони. Нашата морнарица работи на тоа“, рече Ердоган на митингот во јужната област Адана.

Тој нагласи дека зголемената меѓународна позиција на Туркије во надворешната политика ја поддржува „силната одбранбена индустрија“.

„Како што се намалува нашата зависност од надворешната одбрана, така се зголемува нашето влијание на меѓународната сцена“, додаде турскиот лидер.

Зборувајќи за авионот КААН, Ердоган рече:

„Од Азија до Африка, десетици милиони гледаат зајакната Туркије“.

КААН, борбен авион од турско производство, успешно го изврши својот прв пробен лет во средата, објави Турската авио-индустрија (ТАИ).

Првиот борбен авион од петта генерација од турско производство има за цел да ја замени застарената флота на турската војска. Најновиот развој на ова поле ја прави Туркије една од неколкуте земји што ја поседуваат оваа технологија.

Авионот, во рамките на проектот започнат во 2016 година, беше претставен во март 2023 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Воениот кабинет на Израел ги одобри упатствата за преговори за размена на затвореници со Хамас

Следно

Не стивнува интересот за купување станови, зголемена побарувачка на станови во Штип

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop