Апелација ја одби жалбата на одбраната, таткото на Вања Ѓорчевска останува во притвор

February 23, 2024
1 min read

Александар Ѓорчевски – таткото на 14-годишната Вањa која беше киднапирана и убиена во декември минатата година – останува во притвор. Одлуката е донесена од Апелациониот суд Скопје откако таму вчера се одржа јавна седница на која се расправаше по барањето на одбраната на Ѓорчевски за укинување на неговиот притвор.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, информираа денеска од скопска Апелација.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е правен застапник на Ѓорчевски, бараше укинување на неговиот притвор поради тоа што, како што вели, досега не е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основано сомневање за сторено кривично дело ниту, пак, им е овозможен увид во предметот.

Минатиот месец Кривичниот суд го одби барањето на одбраната на Ѓорчевски да му биде одреден куќен притвор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Небиу: Интересна е идејата за избор на претседател во Собранието

Следно

Дендиас со Ф-16 леташе над Егејското море

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop