Ангеловска-Бежоска: Инфлациските трендови се позитивни, но потребна е претпазливост

February 23, 2024
1 min read

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во видеоинтервју за „Еуромани“ посочила дека инфлациските трендови се позитивни, но дека централните банки и понатаму треба будно да ги следат движењата бидејќи сеуште има неизвеност и ризици.

Како што пренесува Народната банка, Ангеловска-Бежоска оценила дека инфлацијата во регионот на Централна и Источна Европа, како и во земјава, е намалена на едноцифрени стапки, како резултат на водењето затегната монетарна политика од страна на централните банки и стабилизирање на светските цени на примарните производи. 

– Во регионот на Централна и Источна Европа инфлацијата се сведе од 16 на 5 проценти. Слична е ситуацијата и кај нас, каде што стапката на инфлација се намали на 3 проценти, од највисокото ниво коешто достигна околу 20 отсто, нагласила Ангеловска-Бежоска.

Таа истакнала дека последниот инфлациски шок не е од стандардна монетарна природа и дека многу фактори влијаеле, вклучително и нарушувањата во производството, трговијата, транспортот и цените на енергенсите, коишто придонеле за растот на инфлацијата.

Ангеловска-Бежоска посочила дека и покрај затегнувањето на монетарната политика од страна на централните банки, финансискиот сектор е стабилен, што се должи на мерките преземени од страна на централните банки по големата финансиска криза и стабилните биланси на банките со коишто влегоа во кризниот период.

– Банките влегоа во оваа криза со релативно солидна позиција, со силни капитални и ликвидносни заштитни слоеви, коишто главно беа изградени пред пандемијата и оттогаш се одржуваат, оценила Ангеловска-Бежоска.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Шпанија пронајдени 10 авиони, седум јахти и 357 станбени објекти, за кои се претпоставува дека се сопственост на руски бизнисмени

Следно

Дојава за бомба во амбасадите во Грција

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop