Застаре предметот „Моќник“ во кој обвинет е Антонијо Милошоски

February 22, 2024
1 min read

Настаната е апсолутна застареност на кривичното гонење во предметот „Моќник“, во кој меѓу обвинетите беше Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој се товареше дека со користење на својата положба поттикнувал да биде лустриран судија во Кичево, во случај за нелегална продажба на имот и објект што го користела општина Пласница.

„Обвинителство во фаза на завршни зборови направи преквалификација на делата за преостанатите тројца обвинети за случајот „Моќник“, по што Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривично гонење“, соопшти Основиот Кривичен суд – Скопје.

Со тоа ослободени од обвинение се и првообвинетиот Милош Милошоски, поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески кој беше второобвинет и третообвинетиот Антонијо Милошоски.

Трошоците на постапката паѓаат на товар на буџетот на државата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчките земјоделци најавија нова блокада на граничниот премин Евзони кон Северна Македонија

Следно

Истрагата на внатрешната контрола ќе покаже зошто нема доволно обрасци – две и пол години ги лажеа граѓаните дека ќе нема проблеми со личните документи, вели Тошковски

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop