ВИДЕО: Српска полиција на минусни температури соблака мигранти до гола кожа и ги враќа назад во Македонија

February 22, 2024
1 min read

Британскиот весник Гардијан објави видео од македонско – српската граница каде се гледа како српската полиција соблака мигранти до гола кожа и ги принудува да се вратат назад во Македонија.

„Гардијан“ посочува дека не може да ја потврди автентичноста на снимките, но според информациите на организацијата “Легис“, настанот се случил на 10 февруари во близина на селото Лојане, близу границата со Србија.

Според невладината организација Легис овој настан не прв и дека тој ден се случиле два такви инциденти каде над 50 луѓе биле вратени назад во Македонија откако претходно биле фатени како илегално ја поминале границата.

Радош Ѓуровиќ, извршен директор на Центарот за заштита и помош на барателите на азил во Србија, потврдува дека неговиот персонал бележи зголемување на бројот на мигранти кои се враќаат од Србија во Северна Македонија од почетокот на годината.

Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права на Советот на Европа, изрази загриженост и повика на итна истрага на овие извештаи за наводната политика што ја применува српската полиција на границата.

„Гардијан“ објави дека српската полиција не одговорила на барањето за коментар за случајот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Просечната плата во декември 39 998 денари

Следно

Соработката на локалната власт ПУК со терористите на ПКК во Сулејманије ја поткопува стабилноста во Северен Ирак

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop