Шведска ќе продолжи да води борба против терористичката организација ПКК

February 22, 2024
1 min read

СТОКХОЛМ (АА) – АТИЛА АЛТУНТАШ –

Директорката на Разузнавачката служба на Шведска, Шарлот фон Есен, истакна дека сакаат да ги спречат активностите на терористичката организација ПКК, која ја користи Шведска како база, и дека преземаат мерки во оваа насока, јавува Анадолу.

Фон Есен во изјава за новинарот на Анадолу ја истакна важноста да се има соработка со различни земји кога станува збор за тероризмот.

Таа рече дека во последните денови презеле остри мерки во рамки на борбата против тероризмот, и дека во овие рамки вршат добра соработка со Туркије.

„Во евалуацијата што ја направивме за оваа година, ќе продолжиме ПКК да ја категоризираме како терористичка организација. Преземаме низа различни мерки за да го стесниме опсегот на терористичката организација. Имаме желба да ги намалиме и спречиме активностите и различните актери на ПКК, која ја користи Шведска како база“, додаде таа.

– Русија, Кина и Иран се закана за Шведска –

Фон Есен истакна дека Русија, Кина и Иран претставуваат закана за безбедноста на Шведска.

„Разузнавачките активности предизвикани од овие земји претставуваат голема закана за безбедноста на Шведска“, рече Фон Есен.

Според неа, нивото на национална закана од тероризам во Шведска на 17 август било подигнато од 3. на 4. ниво.

„Постојано ја следиме ситуацијата за да го намалиме нивото на терористичката закана. Нивото на терористички аларм уште извесно време ќе стои на 4, од вкупно 5 нивоа“, додаде таа.

– „ПКК ќе продолжи да ги користи Европа и Шведска како база“ –

Разузнавачката служба на Шведска, Воената и безбедносната служба на Шведска (МУСТ) и Националната радио-одбранбена служба на Шведска (ФРА) на 13 февруари го објавија извештајот подготвен за терористичките закани кон Шведска во периодот од 2023 до 2024 година.

Во извештајот се наведени активностите на терористичката организација ПКК.

„ПКК, која поседува редовен паричен фонд во Европа и најверојатно секоја година собира милиони шведски круни, преку мрежите на своите поддржувачи во Европа и преку политичко лобирање, користејќи ги и меѓународните можности, ќе продолжи да влијае врз политиката. ПКК ќе продолжи да ги користи Европа и Шведска како база за своите терористички активности во Туркије. ПКК најверојатно ќе продолжи со своите активности и во 2024 година со цел да изгради позитивен имиџ и со цел да регрутира припадници во организацијата“, се вели во овој извештај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковач: Движењето „Ние – гласот на народот“ не е распаднато

Следно

Најмалку еден убиен и седуммина повредени во пукотници на автопат во близина на Ерусалим

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop