Taравари: Изборот на претседател да се прави во Собрание, а не повеќе на избори

February 21, 2024
1 min read

Партијата Алијанса за Албанците преку соопштение до јавноста информира дека вонредна прес-конференција одржал претседателот д-р Арбен Таравари во Тетово. Таравари посочува дека има две цели за претстојните избори за претседател на државата, и смета дека во иднина изборот на претседател треба да се прави во Собранието.  

-Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна: прво ,имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори и второ, сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата  претседател во нашиот политички систем. Како што е познато, Северна Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот, истакнува Таравари.

Потоа тој вели дека неговата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери.

-Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи: Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот, второ, отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик, трето, изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори. Ова е големата вест. На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции, посочува Таравари.

Тој побара поддршка од Албанците и од ДУИ.

-Ги повикувам Албанците и ДУИ, која се уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура. Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија, се вели во изјавата на Таравари која ја пренесува неговиот кабинет.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп ги навести потенцијалните кандидати за потпретседател на САД

Следно

Ужас!

Latest from Blog

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што

Без пчелите ќе останеме без храна, не само без мед

Климатските промени и фалсификуваниот мед се најголемите закани за македонското пчеларство, а зачувувањето на автохтоната македонска пчела е прашање за иднината на земјоделството и за безбедноста на храната. Во интервју за весникот

Потврдено: Португалија има нов селектор!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL Португалија официјално го објави назначувањето на искусниот Жорге Жесус за нов селектор на репрезентацијата. 71-годишникот го наследува Роберто Мартинез откако „морнарите“ стигнаа само до 1/8 финалето на Светското првенство во 2026
Go toTop