Ќе се снимаат четири филма за „Битлси“

February 21, 2024
1 min read

Познатиот британски сценарист, режисер и продуцент Сем Мендез вчеравечер најави дека до 2027 година ќе сними и истовремено ќе објави четири играни филмови за поп-рок групата „Битлс“ – по еден за секој од четворицата членови на составот. Притоа, секој филм ќе го претставува гледиштето на секој член на бендот.

Мендез доби „Оскар“ за режија на „Американска убавина“ во 1999 година, режираше два прилично успешни филмови за Џејмс Бонд, како и низа извонредни достигнувања („1917“, „Револуционерен пат“ итн.). Тој рече дека гореспоменатите четири филма ќе бидат поврзани во „иновативен и револуционерен“ концепт, без дополнителни подробности.

-Чест е да се раскаже приказната за најголемиот рок-бенд на сите времиња, изјави филмаџијата.

Проектот го има благословот на Пол Мекартни и Ринго Стар, како и на семејствата на починатите Џон Ленон и Џорџ Харисон. Имињата на глумците не се објавени сѐ уште.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инзаги: Штета што предноста е само еден гол

Следно

Заборавете на сите други рецепти: Ова е најдобрата смеса за палачинки!

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop