Свечена изјава на новата членка на Советот на јавни обвинители Зорица Павловиќ

February 21, 2024
1 min read

Зорица Павловиќ, член на Советот на јавните обвинители денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Павловиќ од Основното јавно обвинителство Скопје во јануари беше избрана за нов член на Советот на јавни обвинители од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Нејзина конкуренција беа јавната обвинителка Јасмина Здравевска Костеска од Основното јавно обвинителство Скопје и јавната обвинителка Сузана Кузмановска Мирческа од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-Од вкупно излезени 84 гласачи, кандидатот број еден, јавната обвинителка Јасмина Здравеска Костеска, од Основно јавно обвинителство Скопје доби  32 гласа, кандидатот број два, јавната обвинителка Сузана Кузмановска Мирческа од ОЈО ГОКК Скопје доби 7 гласа и кандидатот број три, јавната обвинителка Зорица Павловиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје доби 44 гласа. Едно ливче било неважечко, објави тогаш Комисијата која ги спроведуваше изборите во ВЈО Скопје во записникот од спроведеното гласање.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕК додели 83 милиони евра за поддршка на цивилите во Украина и Молдавија погодени од руската агресија

Следно

СДС да го поддржи предлог законот за продолжување на важноста на пасошите, порача ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за
Go toTop