Обвинувања за непланско градење и кривични пријави за градби во Ѓорче Петров

February 20, 2024
1 min read

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договорија да се договорат да ги задоволат апетитите на инвеститорите во општина Ѓорче Петров кои треба да ја бетонизираат општината, велат од Левица.

ДУП за градска четврт С3 16 е доказ за интерес коалицијата ДПМНЕ – СДС, потпишана од министерството на СДСМ а спроведен од градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираат од Левица. Додаваат дека подготвија и претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, со која се бара да се запре примената на одлуката на овој ДУП.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски е на ставот дека урбанистичкиот план е донесен според сите законски процедури и дека обвинувањата за криминал ги смета за популизам кој има за цел да создаде револт.

Градоначалничката Данела Арсовска вчера прстото го впери во министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во градоначалникот Стојкоски како и други лица за кои рече дека ќе поднесе кривични пријави бидејќи планот бил донесен без мислење од Град Скопје.

Возвратија од кабинетото на министерот Бочлварски потенцирајќи дека Арсовска во рок од 72 дена не одговорила на барањето за мислење.

На исто мислење со Арсовска е и градоначалникот Стевче Јакимовски кој рече дека планот е донесен на како што рече криминален начин но за истиот урбанистички план гласал и советникот од редовите на ГРОМ во советот на општина Ѓорче Петров.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нова правна битка на основачот на Викиликс против екстрадицијата во САД

Следно

Исчезна 16-годишна девојка од Скопско

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop