Македонските граѓани не можат да влезат во Германија со стариот пасош без „Северна“

February 20, 2024
1 min read

Македонскиот пасош со старото име можеби се уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за Дојче Веле објаснуваат дека со пасошот без уставното име не може да се влезе во Германија, доколку патникот доаѓа од Македонија или од трета држава.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, во понеделникот во изјава за медиумите посочи дека „стариот пасош се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово“. Според него, срамота е што не важи и во земјава заради важечкиот законски пропис, а решението го гледа во менување на Законот за патните исправи.

И министерот за надворешни работи Бујар Османи кој деновиве прави турнеја по конзулатите во Германија, Швајцарија и Италија, од Берн ја поздрави одлуката на Швајцарија да им дозволи на македонски државјани патување и со старите патни исправи. Османи притоа не прецизира дали мисли на патување со старите пасоши од Швајцарија кон Македонија, или и обратно, со оглед на тоа што досегашната препорака за македонските државјани во странство кои немаат нов пасош беше да си извадат патни листови.

Што се однесува до Германија, таму ситуацијата е јасна. Дипломатски извори за ДВ велат дека германските власти прават се за да им ја олеснат ситуацијата на македонските државјани кои не успеале да извадат пасош со уставното име, а таа помош е во прв ред насочена кон заштита на нивните права. Тоа значи дека македонските државјани можат да ги користат пасошите со старото уставно име за лична идентификација во таа земја, но нема да можат да влезат во земјата доколку немаат нова патна исправа со името Северна Македонија.

Тоа значи дека може да се замине од Германија кон Македонија со стариот пасош, но не и обратно.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно со локален слаб дожд

Следно

Наполи го отпушти Мацари

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop