Арсовска во СТУДИО 10: Ќе бидам носител на Нова алтернатива во Изборна единица 1

February 19, 2024
1 min read

Нова алтернатива функционира и се консолидира, а носителите на изборните единици ќе ги објавиме наскоро. Засега се состануваме и разговараме за најгорливите прашања што ги засегаат граѓаните. Од тоа што разговараме со граѓаните гледаме дека се разочарани од ова што се случува во последните триесет години, вели градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Ние не правиме анкети, ги слушаме грашаните надвор. Тоа е најискрено и најчесно и се добива вистинско сознание за состојбата. Тоа го знаеме и од тоа што отворивме телефонски број за граѓаните за поплаки. Има над десет илјади. Не е лесно да се слушаат критики, ама ако не се слушаат нема да се најдат решенија, – вели Арсовска.

Партијата Нова алтернарива ќе оди со свои листи во сите шест изборни единици, а кој ќе биде кандидат за претседател ќе кажат ирганите на самата партија откако ќе се проценат позитивните и негативните страни.

– Сакаме да им кажеме и покажеме на граѓаните дека работите можат да фунционираат и дека треба да се променат. Потребни се одговорни политичари, а не лажговци и манипуланти. Ние ќе излеземе на изборите и ќе освоиме онолку гласови колку што сметаат граѓаните и ќе ни биде чест. Јас ќе бидам носител на листата од Нова алтернатива во Изборна единица 1 и тој предизборен дуел граѓаните треба да го очекуваат, вели Арсовска во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Инаку, во ИЕ 1 носители на листи меѓу другите се Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски и Димитар Апасиев.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Лекари се вработуваат или партиски или етнички, но секако со врски

Следно

Рама: Бугарија ги киднапираше Македонија и Албанија на ЕУ интегративниот пат

Latest from Blog

Татко и син спасени во Венецуела четири дена по земјотресот

Тие беа изнесени на импровизирани носилки, видливо исцрпени и носејќи заштитни маски, објави Ројтерс. Ла Гваира е најтешко погодената област по земјотресите во средата, во кои загинаа најмалку 1.450 луѓе, а илјадници

Николоски: Следува најголемата реформа во Железницата, потпишан грант со Светска банка

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на

Николоски: Следува набавка на нови возови и најмалку пет електрични локомотиви

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност од еден милион евра со Светска банка. Средствата се наменети за преструктурирање

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,
Go toTop